October 20, 2020, 3:29 pm

Војник го гледаше раѓањето на ќеркичката на аеродром преку FaceTime, останатите патници го бодреа

Поврзано

Обожавателка во сеќавање на Тоше Проески: „Ми се јави дома затоа што ги добил сите мои пораки, ете таков голем човек беше“

Вторник, 16-ти октомври 2007 година, 9 часот наутро добив повик од другарка која плачејќи ми рече „Тоше загинал во...

На 45, изгледаат како да имаат 25 години: Народен арапски лек за младост и виталност

Познато е дека жените од истокот ја ценат народната медицина, тоа им помага да изгледат неверојатно млади Овој „еликсир“ се...

Лидија Кочовска за бopбата на нејзината мајка со Алцxajмepoвата бо лecт: Ни ги заборава имињата, но секогаш памети дека јас и Тања сме ѝ...

Сестрите Лидија и Тања Кочовски, поминуваат тежок период, исполнет со тага и болка, но и голема борба. Нивната мајка...
- Advertisement -

Војниците секојдневно се жртвуваат за доброто на нивната татковина. Понекогаш, поради нивната служба ги пропуштаат и најважните семејни моменти.

Брук Линдси за малку ќе го пропуштеше раѓањето на ќеркичката поради одложен лет, но благодарение на FaceTime, тоа не се случи. Додека тој гледаше како се раѓа малата Мили, целиот аеродром гледаше во него и го бодреше.

За настанот, на социјалните мрежи раскажа Трејси Довер, една од патничките кои чекаа на аеродромот. Објавата брзо стана хит.

„Со овој војник летавме на истиот одложен лет за дома. Тој мораше да го гледа раѓањето на неговата ќерка преку FaceTime. Тој плачеше, а нас срцето ни се кршеше. Сите му отстапивме простор. Кога го слушнавме бебето како плаче, сите се радувавме за него. Сакам да го споделам ова, бидејќи не сакам никогаш да ги заборавам нашите војници кои ни служат секој ден и жртвите кои тие ги прават“ – напиша таа во описот на фотографијата.

Ова е неговата реакција, снимена преку FaceTime:

Еве и кратко видео од чекањето:

Емотивниот војник го одложувал качувањето во авионот и покрај повиците на персоналот и го привлекол вниманието на сите патници кои чекале заедно со него.

Сопругата на Брук, Хејли, подоцна на „Love What Matters“ раскажа дека поради висок крвен притисок и прееклампсија, морала да се породи порано од планираното. Таа веднаш побарала од Црвениот Крст да го ослободат нејзиниот сакан од должност, но првиот лет кој тој можел да го „фати“ бил дури следното утро. Тој морал да промени неколку летови за да стигне дома.

За среќа, неговиот последен лет бил одложен, па тој имал можност да го гледа раѓањето преку мобилниот телефон.

На војниците во САД не им е дозволено да ја напуштат службата за да присуствуваат на пораѓај освен ако пораѓањето не е со компликации.

1 коментар

Latest News

Хaос во Албанија: Посетата на Дендиас прeдизвика големи протecти и cyдири со полицијата

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, кој допатува во посета на Тирана, беше пречекан со пpoтeст пред албанското Министертвото...

НАСА нajaви плaнoви зa пocтaвyвaњe нa интepнeт нa Мeceчинaтa

Минатата недела, вселенската агенција соопшти дека избрала 14 агенции за изработка на технологија за одржливи мисии до крајот на оваа декада. Меѓу компаниите се...

Лeгeндa: Бepберот Aли пpoдаде БMB X5 зa дa им кyпи xpaна нa глaднитe

Приказната на Февзи Али, Турчин што живее во Македонија, а работел во Виена, ги спојува трагедијата и среќата во едно. На овој човек животот...

Пожap во струмичко, огнoт зафати околу два хeктари сува трева

За два часа пожaрникарите успеале да го изгacнат шумскиот пожар кој избувнaл по 12:00 часот во атарот на селото Дрвош, а огнот зaфатил површина...

Владата ycвои нови мepки: Еве за што станува збор

Сите економски субјекти ќе затвораат во 23 часот, одлучи Владата на денешната седница на која беа прифатени предлозите на Комисијата за зааразни болести за...

More Articles Like This