ВОЈНИЦИ НА АРМ СО ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Двајца војници ранети во тетовската касарна, со сериозни повреди пренесени во Клинички

  • March 22, 2018

Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна утринава се донесени во болницата во Тетово со прострелни рани.

 

Поради сериозноста на повредите и по првичната интервенција двајцата повредени војници се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје.

Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето.

Доктор Фатмир Салију од тетовската болница за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.

Претходно «
Следно »