ВОЈСКАТА МИЗЕРУВА, ШЕЌЕРИНСКА ДЕЛИ ПАРИ ПО НЕВЛАДИНИ: одека војниците работат во мизерни услови, Шекеринска доделува 400.000 денари на невладина која ја управува Шапуриќ

  • August 9, 2018

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека кога ќе се спомене името Радмила Шекеринска, веднаш сите не асоцира на бонбона бизнис.

Арсовски посочува дека за жал Радмила Шекеринска откако дојде на власт, Министерството за одбрана го претвори во фабрика за бонбона бизниси кои си ги делат со нејзините соработници.

Тој вели дека додека војниците работат во мизерни, скоро никакви услови во последниве година дена, Шекеринска доделува 400.000 денари на сомнителна невладина организација која ја управува Зоран Шапуриќ.

-Невладината организација „Мултикултура“ од Тетово доби 400.000 денари грант од Радмила Шекеринска за проект „поддршка за интегративните процеси во ЕУ и НАТО”. За да биде скандалот уште поголем, невладината „Мултикултура“ веднаш откако беше обелоденет од страна на медиумите скандалот, ги избриша сите податоци на својот сајт поврзани со името на министерот на СДСМ, Зоран Шапуриќ и негираше дека воопшто бил дел од управувачката структура на „Мултикултура“, додека пак неговиот потпис стои на ревизорските извештаи на невладината организација.
Значи, Радмила Шекеринска доделила огромна сума на пари без да го провери портфолиото на невладината на која дава од народните пари и парите кои треба да се наменети за војниците, а не за невладините организации на Зоран Шапуриќ, нагласува Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека со ова, Радмила Шекеринска директно ќе одговара и го прекрши членот 353 од кривичниот законик за злоупотреба на службена положба.

-Шекеринска треба да одговори, бидејќи граѓаните имаат право да знаат.
Дали Зоран Шапуриќ ургирал кај Радмила Шекеринска да му се додели 400.000 денари на неговата невладина организација?
Дали Шекеринска знаела на кого доделувала пари од министерството?
Каква корист стекнала Радмила Шекеринска со услугата што му ја направила на Зоран Шапуриќ, нејзиниот колега?
Дали е вистина дека челни лица од „Мултикултура“ се сретнале во просториите на министерството со лица од кабинетот на Радмила Шекеринска и лично договореле за да се реализира ова? Ова е начинот на работа на СДСМ и Радмила Шекеринска. Под превезот на менување на името, штетниот договор и референдумот, тие си делат меѓу себе пари на граѓаните.
Додека Шапуриќ и Шекеринска мислат дека медиумите со објавување на нивните скандали ги загрозуваат евроинтеграциите на Република Македонија, ние ќе им порачаме дека во Европска унија и во НАТО не се оди со криминал и корупција. Во ЕУ и НАТО не се оди со службени коли, џипови и хеликоптери и во ЕУ и НАТО не се оди со крадење и испумпување на народните пари.
Тука ги охрабруваме Јавното обвинителство, кое последниот период има толку многу предмети на тацна, да ги отвори и да ги доведе до самиот крај, а за жал тапка во место и е соучесник на криминалците, уште веднаш да го разгледа и овој случај на злоупотреба на службена должност, но и сите претходни и да ги затвори во корист на граѓаните, а криминалците да одговараат, посочи Арсовски.

Партискиот портпарол додаде дека во спротивно, еден убав светол ден, кога СДСМ нема да може да се меша во работата на правосудниот систем, ќе одговараат сите до еден кои се огрешиле пред законот.
На крајот, граѓаните и Република Македонија ќе победат!

Претходно «
Следно »