Во Бигорски наречение за новиот епископ антаниски, Партениј

Поврзано

Денеска е Св. пророк Илија-Илинден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден. Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку...

Утре е голем празник, еве што треба да јадете за да бидете здрави цела година

Иако утрешниот празник се одбелеува како Илинден, денот на Илинденското востание, верниците го слават Свети Илија или Илија Громовник...

Илинденско послание на г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА: Да не потkлекнеме на совpeмените иckушенија

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА испратија илинденско послание во кое...
- Advertisement -

Во свештената Бигорска обител денеска од 18 часот ќе се изврши наречението за епископ на архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, а утре на празникот посветен на апостолите св. Петар и св. Павле, во храмот „Света Софија“ во Охрид од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Партениј ќе биде хиротонисан за епископ антаниски.

Ве покануваме и вас, возљубени, да бидете дел од големото торжество, за сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос, да му испрати благодатни сили на нашиот духовен татко, та да може достојно да го понесе товарот на новата архијерејска служба, соопшти Бигорскиот манастир.

Оттаму ги замолуваат сите присутни поклоници и посетители совесно да се придржуваат до сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои, пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание.

За таа цел, наведуваат, за присутните посетители ќе бидат обезбедени посебни заштитни маски, а ќе биде ангажирана и високопрофесионална агенција за обезбедување, којашто ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување физичка дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид, кој е веќе информиран за настанот.

Во соопштението се истакнува дека со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, во Бигорски и во Охрид ќе бидат обезбедени надворешни видеоекрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата.

За во Охрид се предвидени три видеоекрани, едниот на влезот на „Св. Софија“, другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот.

Известуваат и дека по повод овој многу значаен настан, на 12 јули, недела, Бигорскиот манастир ќе биде затворен за посетители до 15 часот.

Latest News

Ердоган ја „затвори славината“ и ocyди на жед милиони луѓе што живеат по течението на Еуфрат

Еуфрат е една од двете најважни реки во југозападна Азија. Од Турција тече преку Сирија до Ирак и се...

Пpoтести во Белград, дeмонстранти фрлaa со јајца и домати врз зградата на Народното собрание

Учесниците на пpoтестот фрлaa со јајца и домати врз зградата на Народното собрание на Србија, кога видоа дека пратениците излегуваат од зградата. Полицијата се обиде...

(Видео) Запленет имот и две телевизии на албански медиумски магнат поради трговија со дpoга

Албанските обвинитeли заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, оcoмничен за изградба на неговата империја од трговија со дpoга. Специјалното јавно...

Руски научници откриваат кои средства за дeзинфекција го yбиваат кopонавирусот

Секое средство за дезинфекција го уништува кopонавирусот, изјави денеска директорката на Федералната служба за фитосанитарна супервизија на Русија (Роспотребнадзор), Ана Попова. „Секое средство за дезинфекција...

(Видео) Порака која ја крена Македонија на нозе: Кажи Северна бе овцо

Се чини Македонија го помина најтешкиот Илинден во својата понова историја, а можеби од памтивек. Граѓаните на Мечкин камен велат дека атмосферата била како...

More Articles Like This