ВО БРАК Е ДВЕ ГОДИНИ СО ПОЗНАТИОТ АКТЕР: „Јелена од Драчево“ едноставна невеста со уникатен бидермаер!

  • February 18, 2019

Ја гледаме во „Преспав“ каде во секоја епизода ги воодушевува ТВ гледачите како Јелена рецепционерката и ни ги покажува нејзиниот хумор, но приватниот живот и понатаму е под превезот на тајни.

Македонската актерка Јелена Јованова е во брак веќе две години, а сега јавно ги сподели фотографиите од својата венчавка.

Јелена се омажи во Загреб со колегата Стјепан Периќ со кого се запозна на снимањето на серијата „Тајни“.

На венчавката Јелена носеше едноставна венчаница со потписот на „Кокев“ и уникатен бидермаер, погледнете.

Претходно «
Следно »