October 25, 2021, 8:23 am

Во бoлницaтa во Козле хocпитaлизиpaни 22 пaциeнти со кoрoнaвиpyc, двајца на кислородна пoддpшкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесеттина пациенти се хоспитализирани во болницата на Козле, а вкупниот капацитет на болницата е 60-тина кревети со централен довод на кислорот, што е многу битно за третманот на овие пациенти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на таа јавна здравствена установа.

Посочи дека болницата од пред неколку дена функционира како Центар во кој се лекуваат пациенти со Ковид-19.

– Ова е педијатриска установа, но со огромна експертиза на лекарите, медицинските сестри во третманот на пациенти со белодробни заболувања. Дополнет е кадарот со експетри, специјалисти по интерна медицина пред се од Клиничкиот центар во рамките на системот на ротација, потенцира Филипче.

Нагласи дека ќе продолжи секојдневното, но и долгорочното планирање на капацитетите за третман на овие пациенти и во следниот период, а предвидени се и други капацитети.

Според Филипче, засега нема зголемување на притисокот кон јавно здравствените установи, во однос на тоа што било пред минатата недела.

– Модуларната болница кај Инфективната клиника е целосно испразнета. Таму во овој момент се поставува централен довод на кислорот. Капацитетот на Инфективната клиника не е целосно пополнет, има неколку слободни кревети. Во болниците ширум државата освен во Битола каде има неколку четири пет слободни места во другите инфективни одделенија капацитетите се полупразни, додаде Филипче.

Директорот на болницата во Козле, Ангелчо Андоновски рече дека дваесеттината пациенти хоспитализирани во таа здравствена установа се на возраст од 41 до 85 години. Посочи дека двајца од нив на кислородна поддршка.

– Имаме и две деца позитивни на Ковид-19, кои се во добра општа состојба, додаде д-р Андоновски.

Latest News

Пpoдoлжyвaaт пapтиcките aктивнocти од кaмпaњaта зa втopиот кpyг oд лoкaлнитe избopи

Продолжуваат партиските активности од кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржи в недела на 31...

More Articles Like This