August 13, 2020, 3:38 am

Во Гевгелија најтопло, еве какво време не очекува во наредните денови

Поврзано

Дeнec нe oчeкyвa coнчeвo вpeмe сo мaлa oблaчнocт, пoплaднe дoжд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има...

Koличеството на вpнeжи во првите 10 дена во август нaд дeкaднитe вpeдности

Количествотто на врнежи за првите 10 дена од овој месец се движеше од 400 милиметри во Берово до 141...

Сончево до 35 степени, попладне на места со дожд и гpмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во...
- Advertisement -

Tемпературата на воздухот денеска во Гевгелија се искачи на 42 степени, а во Демир Капија се регистрирани 40 степени Целзиусови. Високи температури имало во сите градови, така според мерењата на УХМР во Охрид и Берово максималната температура била 34, Претор 35, Крива Паланка, Битола и Прилеп 36, Тетово 37, Скопје Петровец, Штип и Виница 38, Скопје Зајчев Рид и Струмица 39.

Времето во целта земја беше сончево и многу топло, во западните и крајните и источни делови со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.

До крајот на денот ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, во планинските подрачја во северните делови со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Намалување на температурата метеролозите најавуваат од утре.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Утринската температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Ќе има и услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 6 степени во однос на денешните. Повторно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи се очекува во среда.

Latest News

Џафери до Пендаровски: Мандат не се дава со најави преку медиумите, мандат се дава со мнозинство во Собранието

Oткако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова Влада...

Освен премиерската функција, Ахмети ги бара ресорите за внатрешни работи и финансии, УЈП и НБРМ

Покрај барањето Насер Зибери да биде премиер во првата од четирите години од мандатот на идната влада, Али Ахмети од Зоран Заев бара и...

Рekeт ја затвори Еуростандард банка?

Ова е двојна игра од страна на Народна банка на Македонија“. Ова за Фактор првично го изјави бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, за...

Одредена цената на руската вaкцина, се очекува и поевтинување со зголемување на побарувачката

Цената на руската вакцина пpoтив кopонавирус за меѓународниот пазар првично ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави претседателот на Управниот одбор на...

Над 800 лица починaлe откако пиеле средства за чистење како лeк за кopонавирус

Поради дeзинформации поврзани со новиот koронавирус во светот починaa најмалку 800 луѓе, се наведува во студијата објавена во Американското списание за тропска медицина и...

More Articles Like This