January 17, 2021, 10:34 am

Во Германија peкopдeн бpoј нa пoчинaти oд Koвид-19 зa 24 чaca

Поврзано

СЗО бара поocтри мерки во европските мерки

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на...

Кoвид-19 пронајден во сладолед во Кина, целата серија повлечена од продажба

Во Кина, коронавирусот е пронајден во еден вид сладолед, поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти тамошната...

Руската вакцина може да ја запре пaндемијата, тврдат европски медиуми

Русија ја направи вакцината „Спутник V“ и покажа можност за самостојно развивање на лек што може да ја потисне...
- Advertisement -

Во Германија, повеќе од еден милион луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а дневниот биланс на смртни случаи достигна рекордна бројка од 426, според податоците на Институтот Роберт Кох објавени денеска.

Бројките покажуваат дека Германија, во најдобар случај, го задржува стабилен боројот на нови инфекции, но дека тоа не е доволно за да се ублажат мерките и да се елиминира ризикот од пренатрупани болници.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми за 22.806 на 1.006.394. Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирус за 24 часа се зголеми за рекордни 426, на вкупно 15.586.

Баровите, рестораните, театрите и фитнес-салите се затворени, но училиштата и продавниците остануваат отворени. Од 1 декември приватните собири ќе бидат ограничени на пет лица, од сегашните 10.

За време на Божиќ, тој број повторно ќе се искачи на 10 лица во повеќето сојузни покраини, а во тоа нема да се вбројуваат децата на возраст под 14 години, иако семејствата се повикуваат да избегнуваат социјален контакт една недела пред посетата.

Главниот град Берлин, еден од најтешко погодените во Германија, соопшти дека нема да ги намали ограничувањата за време на божиќните празници.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги повика граѓаните да останат трпеливи поради ограничувањата што се во сила со цел да се забави ширењето на коронавирусот, проценувајќи дека светлото на крајот од тунелот ќе пристигне заедно со вакцините.

Latest News

Каракачанов: Македонија е најромантичен и најтpaгичен дел од бугарската историј

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија. „Бидејќи, како што...

More Articles Like This