(Во живо)ГРЕУВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА ПРЖИНСКАТА ВЛАДА: Ахмети се зakaнил дека ќе ја напушти владата на ВМРО и ќе формира нова со Заев

  • February 12, 2019

Во вториот дел од екслузивното мега интервју за Инфомакс со екс премиерот Никола Груевски навлеговме во деталите за Пржинскиот договор и преговорите за СЈО. Говорејќи за текот на преговорите Груевски истакна дека поголемиот дел од точките на истиот не биле спорни ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак создавале проблеми за Македонија. Тој истакна дека лично не учесвувал во прегворите за СЈО кој како што вели ги воделе Никола Тодоров и Никола Поповски.

-Поголемиот дел од Пржинскиот договор не беше нешто проблематично, предвидуваше предвремени избори ние имавме во тој период според сите анкети многу подобар рејтинг и ни одговараше избори што побрзо. Предвидуваше учество на опозцијата во државните институции  за време на избори што можеби не е така лошо. Еве сега гледам ВМРО го бара тоа како опозиција. Она што беше најпроблематично во тој период, а поврзано со Пржинскиот догоговор беше СЈО такво какво што стоеше таму, на начин каков што беше осмислено и ние не с согласувавме со на тој начин така да помине. Меѓутоа имаше преговори за секоја различна работа посебни и последно беше оставено СЈО. Во преговорите за СЈО јас не учествував директно ги оставив Никола Поповски и Никола Тодоров да ги водат тие преговори, повремено излегуваа ме информираа како течат тие разговори, но тие ги водеа.

Преговите за СЈО биле најтешкиот дел од целиот тек на преговорите за Пржинскиот договор се до моментот кога на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ не му пристапиле Мендух Тачи и Али Ахмети кој го ставиле Груевски пред како што вели свршен чин. Тие му се зakaниле дека доколку вечерта не го прифати понуденото и не ја прифати последната точка за СЈО, Ахмети ќе ја напушти Владата, а Тачи нема да влезе за ВМРО да создаде ново парламентарно мнозинство. Со други зборови тие му поставиле ултиматум да го прифати СЈО или без нови избори сите останати партии освен ВМРО-ДПМНЕ ќе формираат ново парламентарно мнозинство и нова Влада.

-И со некои работи ние не се согласувавме меѓутоа во еден момент се случи една ситуација во која што заедно Али Ахмети и Мендух Тачи дојдоа таму во собата каде што бевме сместени ние, кога зборувам ние мислам јас и уште едно пет души што бевме во преговорите, бидејќи јас сам не ги водев преговорите, бевме најчесто околу 6 луѓе, членови на ИК. И тие ни кажаа ако не се прифати вечерва вака како што е, Ахмети вели ние утре ќе ја напуштиме  Владата, а Мендух Тачи вели ние нема да влеземе во Владата. Тие заминаа ние почнавме да разговараме меѓу нас, нормално преку телефон се консултиравме и со останатите членови на ИК, но бевме шест души на тоа место. Тоа беше ситуација на свршен чин, тоа не беше yцeна туку ситуација пред свршен чин. Пресметката анализата кажуваше дека тие можат да го направат тоа и дека во тој случај за два три дена ќе имаме ново мнозинство и нова влада предводена од СДСМ, ДУИ и кој се друг требаше да биде таму, Мендух Тачи, ДПА итн. И тогаш ќе направеа и СЈО како што сакаат и полошо од ова СЈО и се друго што сакаат да направа ќе го направеа како мнозинство во парламентот. И тоа веднаш не знам во рок од две-три недели ќе се завршеше. Не ни личеше дека ни блефираат, уште помалку ни личеше дека не се координирани меѓусебе, но и со други.

(ВТОР ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ВТОР ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Gepostet von infomax.mk am Dienstag, 12. Februar 2019

Никола Груевски посочи дека тие биле координирани од центри на моќ надвор од Македонија. На прашањето кој ги координира Груевски одговори:

-Па имааше таму доста луѓе и од Македонија, но и надвор од Македонија и доаѓаа координирани. Така што имавме еден долг разговор после тоа помеѓу нас вклучително и телефонски консултации со други членови на ИК како да постапиме. Од кај нас од нашето мнозинство беа заминати Лиле Поповска и Павле Трајанов  и со тоа ние од 62 бевме паднати на 60 пратеници. Веројатно беше дека можат да најдат уште еден. Немавме алтернатвиа тука во тој поглед и проценивме дека е извесно да се реализира тоа сценариоо во наредните неколку дена да се формира не нови избори, ново мнозинство  со нова Влада и нов  премиер, нови министри итн. Во кое што ќе влезат сите освен ВМРО-ДПМНЕ. Така што бевме ставени во ситуација на свршен чин. Си рековме подобро е ова да го прифатиме ќе добиеме на време да можеме да работиме, да можеме да издејствуваме некои работи, да можеме да промениме нешто, а исто така ќе добиеме можност во исто време да влијаеме да тоа биде тоа барем така како што е сега. Затоа што можеше и полошо да биде. Значи ако ние не учествувавме во СЈО ако го правеше новото мнозинство ќе го направеше уште полошо од тоа што е сега.

Претходно «
Следно »