(Во живо)ГРУЕВСКИ ЗА 27-МИ АПРИЛ: Беше предвидено дека ваквиот настан единствено ќе му наштети на ВМРО-ДПМНЕ!

  • February 12, 2019

Во врска со настаните од 27-ми април, екс премиерот Никола Груевски вели дека од Виена иако многумина му замеруваат повикал на смирување на страстите за да се спречат полоши последици. 

-Направи добар потег што уште од Виена повикав на смирување на страстите и запирање на било какво насилство затоа што можеа последиците да бидат многу поголеми. Немам некој посебен коментар сум кажал многу пати во јавноста, дека упадот во Собранието и тепањето на пратениците е нешто што не требаше да се случи. Сосема во ред беа протестите и тоа не може никој да го осудил или да му даде негативна конотација. Тоа беа легитимни протести за работи кои што беа нормални и прифатени од граѓаните. Огромна маса на граѓани протестираа против Тиранската платформа.

За крај тој искоментира дека протестите на граѓаните до тој ден биле мирни и поддржани од сите, но граѓаните биле испровоцирани од СДСМ и ДУИ преку како што вели незаконскиот и неуставен избор на Талат Џафер за претседател на Собранието и тоа токму во моментот кога има народ пред Собранието. Според него лесно можело да се предвиди што ќе се случи ако се испровоцира народот и дека настаните што ќе случуваат единствено ќе му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ситуацијата ескалираше кога власта, денешната власт СДСМ и ДУИ го испровоцираа населението преку избор на незаконски и неуставен на претседател на Собранието и тоа во време кога знае дека има народ пред Собранието. Значи тоа можеа да го направат и дента во  2 часот кога нема никој или попладнето или слично. Но тие го направија тоа токму го одбраа моментот кога  надвор има толпа народ, која е наелектризирана која што следи што се случува на смарт телефоните. И на некои начин луѓето подлегнаа на тие провокации и се случи тоа што се случи. Тоа беше нешто што, што можеше многу лесно да се предвиди дека единствено ќе му наштети на ВМРО-ДПМНЕ и на тие луѓе таму. И така се случи!

 

(ВТОР ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

(ВТОР ДЕЛ) Мега-интервју со Никола Груевски!

Gepostet von infomax.mk am Dienstag, 12. Februar 2019

Претходно «
Следно »