(Во живо)УАПСЕН ТЕРОРИСТОТ ОД БЕРЛИН: Двајца осомничени за терористичкиот напад во Берлин – еден уапсен, еден починат!

  • December 19, 2016

Полицијата го уапси осомничениот напаѓач, кој со камион влета на Божиќен пазар во Берлин, при што загинаа девет лица, а над 50 се повредени, јави ДПА, пренесувајќи изјава на полициски портпарол.

germanija_sleper

Двајца се наоѓале во шлеперот кој влета во Божиќниот панаѓур при што 9 лица загинаа, а 50 се повредени, изјавил портпаролот на Берлинската полиција. Еден од нив бил уапсен на лице место, а подоцна починал.

Другиот осомничен бил фатен во околината и однесен во полициска станица.

Полицијата верува дека преживеаниот осомничен бил возач на камионот.

Претходно «
Следно »