(Во живо) СТОИЛКОВСКИ: Победата на Силјановска ќе значи враќање на правдата во Македонија

  • April 1, 2019

Во Отвореното студио на Инфомакс пред стартот на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски истакна дека победата на професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе значи враќање на правдата во Македонија.

-Слоганот го кажува она што и потребно на Македонија. Она што ние веќе подолго време го говориме. Победата на Силјановска ќе значи враќање на правдата, вели Стоилковски.

Тој истакнува дека нејзината победа ќе доведе до предвремени парламентарни избори.

-Јасно е дека победата на Силјановска на претседателските избори, но и по победата на локалните избори онаму каде што има, Охрид и Ново Село ќе донесат поинаква слика во Македонија. Власта ќе свати дека ја нема поддршката од граѓаните и ќе мора да распише предвремени парламентарни избори.

За крај тој вели дека мора да се врати правната држава, а тоа ќе значи ревидирање на одредени прecyди, но и отворање на пpoцеси пpoтив актуелната власт кои во моментов се стопирани целосно.

Отворено студио од Охрид

Gepostet von infomax.mk am Montag, 1. April 2019

 

Претходно «
Следно »