Во земја со над 7 милиони заразени Претседателот ја исмева „Фајзер“ вакцината

Поврзано

Уште еден лекaр ја зaгyби битkaта со kopонавирусот

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук објави дека почина лекарот д-р Сенат Грбовиќ, од компликации со коронавирусот. Работел...

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Во А1 СЦ Борис Трајковски утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ, како дел од критичната инфраструктура...

САД доби нова федерална држава

Долниот дом на Конгресот, во кој демократите имаат мнозинство, изгласаа со 216 гласа „за“ и 208 „против“ за иницијативата...
- Advertisement -

Бразилскиот претседате Жаир Болсонаро не го поддржува глобалното брзање за купување и дистрибуција на вакцината против коронавирус.

„Брзањето не е оправдано”, рече Болсонаро во видео снимка што вчера беше објавена на социјалните мрежи од еден од неговите синови.

-Тоа е мешање во животот на луѓето, рече бразилскиот претседател.

Коментарот доаѓа откако бразилскиот лидер, кој од почетокот на пандемијата го минимизираше коронавирусот, пред три дена ги критикуваше производителите на вакцини „Фајзер” и „БиоНТек”, со што се чини ги разгоре стравувањата на јавноста за потенцијалните несакани ефекти на вакцината.

  • Договорот јасно наведува дека „Фајзер” не е одговорен за штетните реакции. Доколку се претворите во кајман, тоа ќе биде ваш проблем, изјави тој, смеејќи се.

Во оваа најголема земја во Латинска Америка, со население од 210 милиони лица, досега има повеќе од 7 милиони заразени со коронавирусот.

Latest News

Сeрија зeмјотреси во Грција нaјсилниот 4,1 степен

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја потресе Грција, јавуваат локалните медиуми. Според порталот „Flash.gr“, Обединетата...

More Articles Like This