Во Ирак се урна американски воен хеликоптер

  • March 16, 2018

Американски воен хеликоптер со седум војници се урнал во провинцијата Анбар, на западот од Ирак, соопштија американски официјални лица.

Според информациите, засега нема индикации дека кон хеликоптерот било стрелано со оружје. Военото летало се користело за пребарување и се урнало додека се префрлало на нова локација.

Централната команда на САД издаде кратко соопштение во кое се наведува дека спасувачки екипи излегле на местото на несреќата и дека ќе биде покрената истрага за причините за падот на хеликоптерот.
Претходно «
Следно »