Во Кавадарци зголемен број на интервенции на Брзата помош за новогодишната ноќ

  • January 1, 2017
  • Коментари

За време на новогодишната ноќ во Кавадарци имало трипати повеќе интервенции за разлика од вообичаено.

nova-godina-640x294

Началникот на Службата за итна медицинска помош при Здравствниот дом во Кавадарци, Антоан Паракеов денеска информираше дека најголем дел од случаите биле грипозни лица, но имало и повредени во тепачка и предозирани со алкохол.

– Имаше и тројца полесно повредени при тепачка, како и неколкумина предозирани со алкохол. Бидејќи не се работеше за посериозни случаи, не беа препратени во болница. Тие добија соодветен медицински третман од нашата дежурна екипа, соопшти Паракеов.

Претходно «
Следно »