October 27, 2021, 8:40 pm

Во Косово пристигна американската донација од над половина милион вакцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Косово попладнево пристигна пратката од 503.100 дози анти-ковид вакцини „Фајзер”, кои се донација од Соединетите Американски Држави во рамки на програмата КОВАКС, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерството за здравство на Косово објави дека, истовремено со американската донација, во земјата стасале и 53.820 дози вакцини, како дел од билатералниот договор на косовската Влада со производителот „Фајзер”.

Со вакцините кои ги прими денеска и со оние со кои веќе располага, косовското МЗ очекува „масовната вакцинација против Ковид-19 да се зајакне понатаму, со цел постигнување на целта на Владата за вакцинирање на 60 отсто од населението според државниот план за вакцинација”, се вели во соопштението.

Во Косово, вклучително податоците за последните 24 часа, досега се извршени над 922 илјади вакцинации, при што втората вакцина ја примиле повеќе од 307 илјади лица.

Latest News

Мицкоски: Секој атом од енергијата ќе го вложам да направиме подобри услови за живот, веќе правиме планови за силни промени каде победуваме

Планирам секој атом од својата енергија да го вложам да работам за граѓаните, да бидам нивен сервис, да направиме...

More Articles Like This