December 8, 2021, 11:58 pm

Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески и се поклонија во спомен обележјето на Гумење.

Крушевчани ултрамаратонците ги пречекаа со црвени рози.

Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија, а уште 10 ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумењего го започнаа утредента, на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево. Помеѓу маратонците за првпат е и најстариот, 69-годишниот Ангел Малинов.

По повод 14-годишнината од загинувањето на Тоше Проески, во Крушево од изутрина пристигнуваат негови фанови од земјава и од Хрватска, Бугарија и Русија. Дел од нив изразија желба ултрамаратонот да се вика „Маратон на љубовта“. (МИА)

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This