Во Куманово се вклучува Apмиjaта: Целосно пополнети кaпацитетите за Koвид 19

Поврзано

Усвоен здравствениот протокол за спроведување на пописот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот...

Koj го пoceтyва Caшо Миjaлкoв вo keлиjaта во Шyткa?

Екс директорот на УБК беше осуден на 12 годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушкување во Македонија и...

Бројот на новозaболени скокна на 23 отсто од тестираните

Скокна бројот на позитивни тестови. Откако имаше период кога бројот на позитивни тестови беше околу 15 отcто од бројот...
- Advertisement -

Инфективната болница во Куманово со недели 18-те кревети се целосно исполнети.

Неколку метри до болницата, армијата од утрово гради нова, монтажна болница.

Оваа нова монтажна и инфективната клиника не се единствени во Куманово. Од понеделникот и одделението за психијатрија прима ковид пациенти. Но, и тоа е целосно исполнето.

„Не смееме да сметаме само на клиниките. Самиот транспорт е голем проблем за заболените. Тие се со компромитирано дишење и треба во момент да се реагира. Повеќето клиники имаат услови како што имаме ние, ние праќаме потешки пациенти во тешка состојба. Поголем проблем е персоналот, од денеска ни доаѓаат на помоши специјализанти од Крива Паланка“, посочи Снежана Захариева.

Во моментов 67 пациенти се хоспитализирани во Куманово.

Со последната одлука на претседателот на државата, Армијата се вклучува во процесот на справување со коронавирусот.

„Има различни задачи, да обезбедува медицинска поддршка со медицински сили и тоа го прави во текот на целата криза. Воедно медицинскиот центар отстапува еден дел од својот персонал за земање на брисеви или епидемиолошки анализи“, посочи Радмила Шекеринска.

Армијата ќе даде и поддршка на други институции во делот на транспорт и складирање на медицински материјал, но не и директно обезбедување.

Најверојатно еден дел од поранешни професионални војници кои се уште работат во министерството за одбрана и тие ќе бидат вклучени во првата линија на поддршка.

Извор: ТВ21

Latest News

(Видео) Со официјалниот молк Заев и Пендаровски не се ништо повеќе од полтрони и соработници на Радев во понижyвањето на Македонија

Како поинаку да се нарече државна политиката која што премолчува закани и изјави од соседна држава, изјави и закани...

More Articles Like This