ВО ОКТОМВРИ: Над 3.000 италијански навивачи доаѓаат да ги бодрат „Азурите“ во Скопје

  • September 23, 2016
  • Коментари

На почетокот на октомври фудбалската репрезентација на Македонија е пред нов предизвик. Во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“ Македонија ќе ги пречека селекциите на Израел и на Италија.

arena-filip-vtori

Израел не е магнет за гледачите, но затоа пак Италија која првпат ќе гостува во Скопје ќе биде можност стадионот да се исполни до последното место. Во натпреварот од квалификациите се очекува „Азурите“ да се појават во најсилниот состав, предводени од голманот Буфон, Верати, Имобиле, Кјелини, и другите.

Според информацијата од сајтот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се очекува гостинската селекција да ја бодрат над 3.000 италијански навивачи на дуелот што ќе се игра на 9 октомври.

ФФМ одреди поволна блок цена за двата натпревара со Израел (6 октомври) и Италија (9 октомври) и тоа за трибините: север и југ ќе биде – 500 денари, додека за западната трибина – 250 денари.

Претходно «
Следно »