ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ДАТУМОТ ТИМОНИЕ СО ЛAДEН ТУШ ЗА ЗАЕВ: На Македонија не треба да ѝ се даде датумот како подарок

Поврзано

СПОДЕЛЕТЕ ДА ПОМОГНЕМЕ: Итно е потребна крв од групата А негатив за 14 годишно момче

14-годишно дете од Куманово, кое боледува од леуkeмија има потреа од kрв од групата А Rh негатив. Сите граѓани кои...

ЧУЛЕВ СО РЕАКЦИЈА ДО ВЛАСТА: ДКСК и Управниот cуд донесоа одлуки во моја полза, а Владата продолжува да води партиска политика

Владата од една страна секојдневно ме обвинyва дека сум виновен за нејзините нeуспеси поврзани со ширење на кopoнавирусот, а...

ДР ЛАЗАРОВ: Комисијата за зapaзни болeсти потпaдна под политички пpитисок, ги олабавија мерките прерано затоа имаме нов пик на опacниот вирус

Не смее да дозволи Комисијата за заразни болести да потпадне под политички притисок истакна доктор Ненад Лазаров во гостувањето...

Кристијан Тимоние, амвасадорот на Франција во Скопје, во последното свое интервју вели дека во Македонија ќе се следи спроведувањето на реформите до самиот последен ден кога ќе се одлучува дали ќе ги започне преговорите со ЕУ и дека ставот на неговата земја е дека во Унијата не треба повеќе да се примаат земји кои се во залог, на како што вели, десетина семејства.

– Можеме да кажеме дека членството на некои земји би можело да биде поефикасно. Ниту преговорите ниту нивното членство во ЕУ не придонесе да се променат многу нешта во овие земји. Ова е затоа што, и покрај реформите, нивниот систем останува блокиран од политичките партии, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата. Не сакаме да прифатиме повеќе такви земји во ЕУ., смета амбасадорот, одговарајќи на прашањата во интервјуто на „Порталб“.

Франција се уште не го соопштува својот став за тоа дали на Македонија ќе и биде додделен датумот за отпочнување на преговорите на 15, односно на 17 октомври, бидејќи земјата ќе биде „скенирана“ до последен момент.

– Ова прашање останува отворено, како за Франција така и за други земји. Сè уште разговараме. Исто така, сакаме да ѝ дадеме на располагање уште малку време на Северна Македонија за да усвои некои решенија, и ова го очекуваме не само од владејачката партија, туку и од опозицијата. Прашањето за законот за Специјалното обвинителство и начинот на кој земјата ја третира високата корупција останува отворено. Законот е многу важен затоа што има судски предмети кои не се затворени, но се појавија и нови по скандалот Рекет, за што чекаме транспарентна истрага.

Функционирањето на правосудството не е на соодветно ниво и сè уште не е ослободено од канџите на политиката. Наместо партиите да се концентрираат на решавање на проблемите, особено корупцијата, тие се закануваат едни на други. Ова нè става како држава (Франција), но и другите земји, пред една реалност, дека ќе треба да пристапиме на подлабок начин, инаку поставувањето датум би било само формалност.

Па затоа, кога бараме време за да одлучиме за истото, тоа значи дека бараме датумот да има попрво содржина, отколку само форма. Треба да има реален, убедлив и сериозен напредок во областа на правосудството, вели дипломатот.

Наедно наведува и дека земјите од Западен Балкан, според дипломатот, се „културно и историски специфични“ и затоа кон нив треба поинаку да се пристапи.

– Ние ја сметаме Европската Унија за сериозна конструкција на европски вредности и претседателот Макрон се залага, со неговата визија, за продлабочување на оваа европска градба. Ние сме подготвени да се соочиме со прашањето за продлабочување и проширување на истата. Земјите од Западен Балкан се социолошки и историски специфични, па затоа и во однос на проширувањето, ние мора да гледаме преку соодветни модалитети, кои се специфични за овој регион.

Списокот на реформите сè уште останува неисполнет, реформите што требаше да се завршат не се завршени. На пример, законот за тајната служба кој требаше да се донесе со двотретинско мнозинство во Собранието сè уште не е донесен.

Затоа, не треба да бидеме заложници на логиката дека на Македонија треба да ѝ се даде датумот како подарок, само затоа што чекаше долго пред вратите на ЕУ., смета тој.

Актуелно

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по...

(Видео) БОКИ 13 И СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА, ЗАЕВ Е КРЕАТОРОТ НА СЦЕНАРИОТО ЗА РУШЕЊЕ НА СЈО: Ако добие драконска казна има уште едно...

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот...

ЗАЕВ ГО СПАСУВАЛ МИЈАЛКОВ И ГО РУШЕЛ СЈО: Бојан Јовановски „бомбардираше“ во судот – како Заев „купувал“ пратеници и го вадел Мијалков од затвор

Средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев се случила на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев,  а за...

ВИЦЕТО БАРАЛ БОКИ 13 ДА ОСТАНЕ ВО ПРИТВОР, МАКАР И ДА УМРЕ: Заев земал милион евра за да притисне за одлука на Врховен суд?!

Јордан Камчев се исплашил од „педерот“ Боки 13, види мајката - силниот Камчев, па ми дал милион евра. Тој можеби дал, дал милион евра, можеби...

ВИДЕЛА, НЕ ВИДЕЛА, ЗАЕВ БИЛ, КАМЧЕВ БИЛ: Боки 13 ја направи Русковска пуздер во завршните зборови

Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13. Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал...

Повеќе вести