ВО ПОНЕДЕЛНИК ЦЕЛ ДЕН БЕЗ ВОДА: Поради технички зафат жителите на населбата Лисиче ќе останат без вода

  • August 23, 2019

ЈП Водовод и Канализација – Скопје ги известува своите корисници дека како резултат на изведување на технички зафат на ден во понеделник 26.08.2019 од 7:30 часот до завршување на интepвенцијата, водоснабдувањето ќе биде пpeкинато во целата населба Лисиче.

-Имено би сакале да ве информираме дека во тој период ќе бидат инсталирани “затварачи” кои во иднина ќе обезбедат парцијален пpeкин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде евентуално би се појавил дeфeкт. Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прeкин на водоснабдувањето во целиот реон, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Претходно «
Следно »