October 31, 2020, 6:24 am

Во пocлeднитe дeceт години во Македонија е нaмaлeнa cmpтнocтa од кapдиoвacкyлapни зaбoлyвaњa

Поврзано

Даниловски бара да се прeцизира кога мора да се носи маска

Епидемиологот Драган Даниловски во дебата за „360 Степени“ даде неколку сугестии до Комисијата за зaразни болeсти за подобро да...

(Фото) Ни тој не ги почитува мерките: Караџовски штом се изгacнат камерите бeз маска

Претседателот на комисијата за зapазни болeсти, Жарко Караџовски денес беше гостин во емисијата „Само интевју“ на Канал 5 телевизија. Имено...

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го дeмaнтирaше синот на Амди Бајрам, Габриел

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ тврди дека синот на Амди Бајрам, Габриел, дошол да се тестира во лабораторијата на болницата...
- Advertisement -

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, денеска во Градскиот парк кај Школка го одбележаа Светскиот ден на срцето, кој секоја година се одбележува на 29 Септември за подигнување на свеста за здравиот начин на живот, исхрана, физичка активност и превенција од кардиоваскуларни заболувања.

Според проф. д-р Елена Ќосеска од ИЈЗ во Македонија во изминатите десетина години постои тренд на намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања.

Тоа пред сѐ се должи на намалениот број на смртни случаи од исхемични болести на срцето, церепроваскуларните болести или со други зборови акутниот инфаркт на срцето и мозочниот удар. Тоа сметаме дека е резултат на долгогодишната борба да работиме повеќе на превенција на заболувањата, односно превенција на ризик факторите кои доведуваат до овие заболувања, како што се употребата на тутунот, неправилната исхрана, слабата физичка активност, голема и неконтролирана употреба на алкохолот и секако стресот, потенцираше д-р Ќосеска.

Таа изјави дека Институтот за јавно здравје, заедно со 10те центри и сите здравствени установи од примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита активно се вклучени под покровителство на Министерството за здравство во сите активности во делот на промоција на здравје, превенција на болести, раното откривање на болестите како што се хипертензијата или покачениот крвен притисок, покаченото ниво на шеќер и холестерол во крвта, како и зголемената телесна тежина.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информираше дека преку ковид кризата јасно е колку е важно да се води сметка за сопственото здравје, имајќи предвид дека оваа болест по потешка форма се манифестира кај пациентите кои имаат коморбидитети.

Сметам дека секоја година има резултат во подигнување на свеста. Има одреден прогрес во делот на намалување на морталитетот од некои од овие дијагнози и искрено верувам дека со заедничка кампања, поддржана од Министерството за здравство сите овие мерки, параметри, препораки коишто се практично препораки на сите светски стручни здруженија можеме да ги имплементираме и во нашата земја, рече министерот Филипче.

Latest News

Расте црниот биланс: Бројот на зaгинaти во Турција се искачи на 20, повpeдени околу 800 лица

Бројот на mpтви во Турција расте по рaзорниот зeмјотрес. Според последните информации на министерот за животна средина и урбан...

Даниловски бара да се прeцизира кога мора да се носи маска

Епидемиологот Драган Даниловски во дебата за „360 Степени“ даде неколку сугестии до Комисијата за зaразни болeсти за подобро да се спрaвиме со пaндемијата и...

(Видео) Xaос во Барселона: Cyдири меѓу дeмонcтpaнтите и пoлицијата на пpoтестите пpoтив рecтриктините мерки

Демонcтрантите кои се прoтиват на рестриктините мерки за cyзбивање на пандeмијата на вируcот корона во Шпанија се cyдрија со полицијата на улиците на Барселона. Педесет...

Необичен феномен: Сина месечина ќе се појави на небото на 31 октомври

Небото во ноќта од 31 октомври спрема 1 ноември ќе биде осветлено со „сината месечина“, односно втора полна месечина во период од 30 дена....

Голема финансисkа добивка за неколку хороскопски знаци во текот на ноември

Астрологот Павел Глоба вели дека во месецот кој е пред нас дел од хороскопските знаци ќе почнат да се збогатуваат. Проблeмите со парите за...

More Articles Like This