ВО СОБРАНИЕТО ВЛАГА ,,КАУБOЕЦ”: На местото на Павле во пратеничката фотелја седнува Александар Филиповски

  • May 23, 2019

По оставката на пратеникот Павле Богоевски, следен од листата на СДСМ кој ќе седне во пратеничката фотелја е Александар Филиповски за кој досега во јавноста нема многу информации. Филиповски преставува енигма и политички анонимус. Непознато е ниту неговото образование, ниту пак работното искуство.

Од социјалните мрежи на овој иден пратеник освен тоа дека е љубител на коњи и прошетки во природа не може да се добие ниту една друга информација.

Евидентно е дека Филиповски има релации на политичка основа со скопските градоначалници Петре Шилегов, Филип Темелковски, Златко Марин и Саша Богдановиќ.

Филиповски е на 17 место на листата на пратеници на СДСМ од првата изборна единица и доаѓа веднаш по директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски и сегашните пратеници Далибор Богдановски и Снежана Калеска Ванчева.

Претходно «
Следно »