ВО СОБРАНИЕТО ВЛЕЗЕ ЛГБТИ: Формирана интерпартиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ

Поврзано

МАНОЈЛОВСКИ: Пола раководството на СДСМ е инфициpaнo со кoрoнaвиpyc, а Заев зборува за избори и тера кампања

Почитувани, додека во земјите од регионот се говори за опоравување од корона кризата, или за економија, отворање на границите,...

СИСТЕМОТ ПРЕД КОЛАПС?! Во „8-ми Септември“ заразени 6 здравествени работници, 30 во самоизолација

Директорот на болницата „8-ми септември“ , Христијан Костов, со денови не се појавувал на работа, дознава Алфа. Вработени тврдат дека...

ВАЖНО: За влез и излез од државата за време на карантинот граѓаните да пријават на 192

Граѓаните што ќе остварат влез или треба да ја напуштат државата за време на 80-часовниот карантин во одредени градови...

Во Собранието на Република Македонија денеска беше конституирана Интерпартиска парламентарна група која ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ лицата.

Невладината ХЕРА информира дека мисијата на Интерпартиската парламентарна група е да се застапува за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, користејќи ги достапните механизми на Собранието со цел градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за целосно уживање на човековите права и слободи.

Во Групата членуваат 13 пратеници од постојниот собраниски состав од различни политички партии и тоа, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Бранко Маноиловски од ДУИ, Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, независни пратеници, Јулијана Николова и Никица Корубин од ЛДП, Петар Атанасов, Јагода Шахпаска и Славица Шуманска Митева и Александар Кирацовски од СДСМ и Соња Мираковска од НСДП.

На средбата се обратија координаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето Маја Морачанин и заменик-координаторот Павле Богоевски.

Драгана Дрндаревска, презентирајќи ја „Процената на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација“, посочи дека пратениците од парламентарното мнозинство и повеќето од пратениците од албанските политички партии даваат поддршка за заштитата од дискриминација, насилство и говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето.

Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата го поздравува и поддржува овој процес и ги поканува и останатите пратеници кои ги застапуваат човековите права и слободи, да им се приклучат на своите колеги и колешки во Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето.

На настанот беа присутни пратеници, амбасадори и претставници на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Актуелно

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

Повеќе вести