ВО СТРУГА СЕ СЛУЧУВА ЗЛОСТОРСТВО: Шпетим Положани ги повика стружани на протести – неговиот внук 7-годишен внук меѓу затруените од пожарот!

  • June 15, 2017

Стружанецот Шпетим Положани, еден од најистакнатите албански личности во македонската јавност, овој пат остро ги напаѓа граѓаните на Струга поради нивното нереагирање за депонијата која во градот предизвикува големо загадување.

-Во Струга се случува злосторство. Мојот седумгодишен внук, кој куќата ја има на 200 метри оддалеченост од центарот на отпадот во Струга, оваа вечер ќе ја помине во болница како и во други случаеви кога дува северниот ветер, кој што десетици тони отрови ги носи над Струга. Сите се сведоци на овој криминал, додека пак криминалецот што на Струга и ја донесе оваа канцерогена бомба е награден со позиција на министер. Ајде мои стружани ајде, се уште не ви дојде паметот, вели огорчениот Шпетим Положани.

Депонијата во Струга речиси два месеци постојано гори, а поради густиот чад и непријатната мирисба кои се шират низ градот, стружани деновиве организираат протести. Тие го продолжуваат својот протест, бидејќи уште не е пронајдено решение за илегалната депонија која секојдневно ги гуши.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска од Собраниската говорница повика да се отвори итна седница и рече дека оваа ситуација со Струга треба да биде прв момент во кој Собранието треба, може и мора да се натфрли.

– Имаме проблем, акутен и ова што во овој момент го гледам во Струга е стварно надвор од она што може да се толерира. Да не дозволиме акутниот проблем во Струга да стане хроничен како во некои други општини, без да споменувам други општини. Ние како група на избрани пратеници можеме да доставиме материјал до Собранието, но тој материјал не сакаме да бидеме политички памфлет, истакна Димовски.

Претходно «
Следно »