December 4, 2020, 2:48 am

Во Франција вториот круг од општинските избори ќе се одржи утре

Поврзано

Чешка се враќа во ноpмала: Се укинува полицискиот час, се отвораат сите прoдавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се...

Шведска koнтра СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечки здравствен службеник во оваа скандинавска земја...

Неверојатно откритие: Швајцарските Алпи растат, научниците изненадени

Швајцарските Алпи минуваат низ фаза на раст, според новата студија која открива дека дел од планинскиот венец се зголемува...
- Advertisement -

Вториот круг од општинските избори ќе се одржи утре во повеќе од 48.000 општини, повеќе од три месеци по одлуката на Владата да го одложи вториот круг закажан за 22 март, поради епидемијата со Ковид-19 во Франција.

Околу 16,5 милиони француски гласачи добија покана да излезат на утрешното гласање, што претставува околу 39 отсто од француското гласачко тело.

За составот на општинските совети во 4.820 општини каде советите не беа целосно избрани во првиот круг, на 15 март, има вкупно 157.632 кандидати. Сепак, поради пандемијата, вториот круг повторно беше одложен во седум општини на Гвајана.

Официјалната кампања меѓу двата круга беше подолга двапати, поради епидемијата и санитарните мерки бидејќи во вообичаени услови таа трае само пет дена.

Општинските советници се избираат со мандат од шест години, според мнозински и пропорционален систем на гласање, што зависи од големината на општините.

Во првиот круг, советите беа целосно избрани во 30.143 општини каде градоначалниците и нивните заменици стапија на должноста кон крајот на мај.

Регистриран е постојан пад повеќе од триесет години на општинските избори, учеството на изборите се намали од 44,6 отсто во првиот круг, наспроти 63,5 отсто во 2014 година.

За да им дозволат да гласаат на оние кои стравуваат, посебно на старите лица, дозволено е еден гласач да има две полномоштва, наместо вообичаеното едно.

Гласачите кои поради Ковид-19 не можат да патуваат, можат да побараат од полицијата или жандармерија да дојде во нивниот дом за да го назначат нивниот полномошник за гласањето.

Во Франција градоначалниците се најчесто предводници на листите.

Најдоцна до 18 јули, советите на сите општини и групите на општините, треба да се обноват, со исклучок на Гвајана, со што ќе се стави крај на општинскиот изборен циклус.

Latest News

Снoyден пoкaжа лавовcко cpце со пopaката до Tpaмп: Помилyвaj го Acaнж нe мeнe, спacи го нeгoвиoт живoт

Поранешниот американски разузнавач покажа какво лавовско срце има впрочем тој со последниот свој Твитер статус во кој испрати порака...

Словенија започнува масовно тeстирање со aнтигeни тестови за да се идeнтификуваат асимптоматските случаи

Владата на Словенија нарачала 1,5 милиони брзи антигени тестови за коронавирус, кои треба да започнат да се користат оваа година, рече министерот за здравство...

Андоновска: Власта печали на маката на граѓаните и тестовите ги наплаќаат по огромни цени, термин и резултати се чекаат со денови

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и стоматолог др. Марија Андоновска, која зборуваше за...

Вечерва снег и магла на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со умерен интензитет, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во...

Гpчки вecник откpивa: Бyгapcки авиoни ќе го чувaaт мaкeдонcкото нeбo

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека Македонија и Бугарија преговараат за вклучување и на источниот сосед во чувањето на македонското небо како дел од напорите...

More Articles Like This