Во Чаир, Ченто, Шутка, Арачиново „копaaт“ кpиптовалyти

Поврзано

- Advertisement -

Во скопските населби Чаир, Ченто и Шутка, како и во Тетово и Арачиново, забележана е зголемена потрошувачка на електрична енергија што укажува дека се работи за „копање“ криптовалути, објави Гласот на Америка.

Компјутерите од последна генерација наменети за копање на криптовалути трошат многу електрична енергија и сериозно ја оптоваруваат мрежата, а од ЕВН велат дека потрошувачката особено скокнала пролетва.

„Едно домаќинство, ако има потреба од одредена потрошувачка, доколку инсталира компјутери што копаат криптовалути, тоа значи дека може да потроши енергија за 20 или за 30 домаќинства, што го нарушува напојувањето на сите соседни корисници на таа напојна точка“, вели Ленче Карпузовска, менаџерка на Оддел за комуникации во ЕВН.

Има и диви приклучувања кон електричната мрежа со цел е да се избегнат високите сметки.

„Прават паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина. Штета трпиме сите, и компанијата и граѓаните. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка“, додава Карпузовска.

Криптовалути се платежно средство, замена за пари. Разликата во криптовалутите и регуларните валути е што првите постојат само во електронска форма. Работат врз база на посебен софтвер, блокчејн систем. Тоа е една нова технологија, измислена официјално од 2008 година, со почетокот на првата криптовалута, односно биткоинот, објаснува Дарко Симуновски, сертифициран познавач на криптовалутите.

Latest News

Курти се скapa со американскиот амбасадор: Во Косово не може да има здружение по етничка основа

Барањата за формирање на „моноетнички здруженија“ не доаѓаат од обичните луѓе, туку од политичарите и северните соседи. Косово не...

More Articles Like This