Во kapaнтин 12 милиони луѓе: По Сиднеј, и Мелбурн во целосен локдаун

Австралискиот премиер Скот Морисон заедно со членовите на австралиската влада денеска се најдоа под голем притисок од јавноста, за справувањето со ширењето на делта сојот кој веќе со месеци претставува проблем во земјата.

Бројот на заболени од делта сојот за само еден месец се зголемил за 1,000, а најмногу случаи има во Сиднеј и Мелбурн.

Од денеска, околу 12 милиони граѓани на Австралија ќе бидат во карантин, бидејќи и Мелбурн како и Сиднеј влегува во нов „локдаун“.

Најголемиот проблем за здравстените лица е тоа што бројот на луѓе на улиците е и понатаму голем, поради што надлежните апелираа за смалување на мобилноста и меѓусебната интеракција на населението.