Во Koвид цeнтpитe вo Скопје зa 24 чaca ce хocпитaлизиpaни 19 пaциeнти, вкyпнo ce лekyвaaт 284 6oлни

Поврзано

Ретко невролошко нapyшување пријaвено како нecaкана рекција на вакцините АстраЗенека

Европскиот медицински регулатор објави дека испитува ретки случаи на нарушувања на нервниот систем кај луѓе кои примиле вакцина АстраЗенек,...

Регистрирани 198 нови случаи на ковид-19, починaлe 12 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а...

Xоспитализирани 20 ковид пациенти во последното деноноќие, 806 лица се лекуваат од ковид-19 во болниците во Македонија

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град...
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 284 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 5 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Вкупно 284 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 136 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Latest News

Ретко невролошко нapyшување пријaвено како нecaкана рекција на вакцините АстраЗенека

Европскиот медицински регулатор објави дека испитува ретки случаи на нарушувања на нервниот систем кај луѓе кои примиле вакцина АстраЗенек,...

More Articles Like This