ВО TEPOPИСТИЧКА УНИФОРМА, АХМЕТИ ГО ПОЗДРАВИ ФОРМИРАЊЕТО НА ВОЈСКА НА КОСОВО: Многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската

  • December 14, 2018

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, облечен во војничка униформа на УЧК го честиташе формирањето на косовската војска.

„Многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите“, напиша Ахмети на својот Фејсбук профил.

Во својот статус тој додава дека војската на Косово е камен темелник на мир и стабилност во нашиот регион

„Одбележувањето на границата меѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и на Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на Договорот од Преспа, заедно со владеењето на правото во нашите земји, се предизвици кои ни престојат. Сите од нас кои имаат исти вредности и цел за еднаквост, правда и евро-атланска интеграција на нашите земји, треба да си помагаат едни на други“, пишува тој.

Претходно «
Следно »