Вработената во собраниската служба ќе се брани за обвинувањата за 27 април

  • November 30, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната. Денеска своја одбрана пред судот треба да дава обв инетата Елена Доцевска-Божиновска. Таа има повикано четворица сведоци, а исказ ќе дава и самата таа.

Потоа, се очекува судењето да продолжи со изведување на писмени докази односно гледање видео снимки предложени од одбраната на други обвинети, меѓу кои актерот Владо Јовановски и полицаецот од собраниското обезбедување Абдулфета Алими.

На минатото рочиште исказ пред судот дадоа обвинетите Горан Ѓошевски, началникот на обезбедувањето на Трајко Вељановски, и Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање. Беа сослушани и неколку сведоци, предложени од одбраната, меѓу кои и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Претходно «
Следно »