ВРАБОТЕНИТЕ ВО КЛИНИЧКИ ГО ОДЛОЖИЈА БЛОКИРАЊЕТО НА РАМПИТЕ НА ПАРКИНГОТ, ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГО УБЕДУВА ШИЛЕГОВ

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ и утре на средби со граѓаните во повеќе населени места

Во текот на утрешниот ден 02.07.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе...

За македонскиот јазик и за Гоце Делчев нема преговарања

Преговори за македонскиот јазик, за нашиот мајчин јазик, за Гоце Делчев и сите оние луѓе кои што го дале...

Tепачka во штабот на СДСМ во Македонски Брод, поврeден е градоначалникот

На 30 јуни околу 20 часот во просториите на изборниот штаб на СДСМ од Македонски Брод, кој се наоѓа...

Вработените во Клиничкиот центар го одложија најавеното блокирање на наплатните рампи на паркингот во кругот на клиниките, во знак на револт против одлуката на Град Скопје на предлог на градоначалникот Петре Шилегов да ја зголеми месечната цена за паркирање од 300 на 800 денари. Тие и денес и вчера за време на паузата излегоа да протестираат во кругот на клинички центар против оваа одлука на Град Скопје, бидејќи сметаат дека со зголемување на цената на месечниот билет за вработените нема да се реши хаосот со возила.

За време на протестот вработените носеа налепници „привилегирани“ во знак на револт по изјавата на градоначалникот Шилегов дека пациенти умираат на паркинг не можејќи да дојдат до клиниките од возилата на вработените, и зошто тие треба да бидат привилегирани и да плаќаат поевтин месечен билет за паркирање од останатите граѓани што плаќаат за паркинзите во Скопје.

„Одлучивме денес да не ги блокираме наплатните рампи, бидејќи не замоли нашиот ресорен министер за здравство Венко Филипче, кој денес треба да има средба со градскиот татко да го реши проблемот. Доколку Градот не ја повлече одлуката, утре ќе ги блокираме наплатните пунктови. Со тоа нема да направиме штета на пациентите, бидејќи нема да ги блокираме рампите за влез и излез, а Градот ако е толку засекиран за пациентите еден ден може да ги отвори рампите и да не им наплати ним паркинг, и само од нас привилегираните да наплати“, вели д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во клиничкиот центар.

Тој вели дека остануваат на барањето паркингот да се врати во владение на Клиничкиот центар, бидејќи ЈП „Градски паркинг“ освен што наплатува влез и излез, нема ништо вложено овие години за да се обезбедат соодветен број места за паркирање.

Актуелно

МИХАИЛОВ ДО СДСМ : Господо од СДС, Вашите 5 минути поминаа, доаѓа правдата во Македонија!

После вчерашните обвинувања од страна на Кире Михаилов, партиски активист и член на ВМРО ДПМНЕ дека против него се...

Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани

Германија, која од денеска го презема ротирачкото шестомесечно претседавање со Европската унија од Хрватска, не може да вети почеток на преговорите за членство со...

(Видео) Заев да каже за што ги пoтpoшил парите од Дака и дали го полни пpaвоcудcтвoто со негови луѓе за да бeгa од пpaвдaтa

Зоран Заев вчера призна дека се сретнал со српскиот бизнисмен кој го слушнавме како кажува дека му дал 300.000 евра. Заев мора да собере...

(Видео) Повторно дpaма во cyдницата, Боки 13 обвинyвa за намecтено cyдење

Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски. Овој предмет ќе...

Почнува пријавувањето за гласање на лицaтa со Koвид-19, во caмoизoлaција, бoлни, нeмoќни и хpoничнo бoлнитe

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни...

Повеќе вести