ВРАНИШКОВСКИ БИЛ БОЛЕН ОД МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА: Бара од властите да му го вратат пасошот за да се лечи!

  • August 10, 2018

Поглаварот на нерегистрираната Православна Охридска Архиепископија, Јован Вранишковски, преку отворено писмо побара од Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да му го врати пасошот кој му е одземен од МВР и покрај тоа што тој си го одлежа затворот од една година и еден месец кој му беше досуден од судот.

Вранишковски во писмото објаснува дека судот не побарал од МВР да му го одземе пасошот, а кога побарал да му го вратат пасошот во полиција, тие му рекле дека има наредба од „горе“, да не му го вратат.

Поглаварот на ПОА во писмото, во кое за себе говори во трето лице множина, објаснува дека пасошот му е потребен затоа што боледува од тешка болест, мултиплекс склероза која ја лекува во Србија.

-Инаку ние боледуваме од мултиплекс склероза и само во месец Јули требаше да се јавиме на две контроли во Војно-медицинската болница во Белград, кадешто се лекуваме. Истото е предвидено и за месец Август. Но, заради немање на патна исправа не можевме да ги направиме тие контроли и здравствената состојба рапидно ни се влоши. Поседуваме патна исправа од друга држава, но не можеме ни со неа да излеземе од државава, иако неа не се обидуваат да ни ја земат, но не нѐ пуштаат да излеземе без да се откажеме од престојот во Р. Македонија. Дали целта е да бидеме држени како заложник, и тоа во периодот кога од страна на нашата Црква е најавена прославата на јубилејот 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија и доаѓањето на српскиот Патријарх! Бесмислено е со такво ниско ниво на дискриминација да се постигне нешто г-дине министре. Нас не нѐ преумија 5 години и 6 месеци, кои ги поминавме во затвор, гонети и затворани само затоа што сме Архиепископ на од државата дискриминаторски непризнатата Православна Охридска Архиепископија, та мисли ли некој дека со овој „мек” вид на туторство ќе нѐ преуми? – вели поглаварот на ПОА во своето писмо.

Претходно «
Следно »

loading…