ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и студено време

  • January 23, 2020
  • Коментари

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -7 до 0, а дневната од 5 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до -3 степени, а дневната ќе достигне до 7 степени.

За време на викендот ќе има променливо облачно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд.

Претходно «
Следно »