ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА(17.01.2019):По поларната зима, уживајте во потоплото време

  • January 17, 2019

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, по одделни котлини со услови за утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус два до минус 12 степени, а дневната температура од еден до девет степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе достигне до минус седум степени, а дневната температура до четири степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.

Претходно «
Следно »