ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Облачно со слаб северен ветер

  • December 30, 2018

Времето денеска во утринските часови е со зголемена облачност, преку денот ќе биде умерено облачно, а кон крајот на денот повторно претежно облачно.

Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.


Во Скопје умерено до значително облачно. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Утре преку ден ќе биде променливо облачно, во западните и југозападните делови со слаби локални врнежи од снег. За време на Новогодишната ноќ ќе преовладува суво време со умерен северен ветер, а температурата ќе биде околу нулата.

Во вторник ќе се задржи суво и ветровито, а од среда кон крајот на денот се очекува ново наоблачување со локални врнежи од снег, што ќе продолжат и во четврток.

Претходно «
Следно »