Времето со нови изненадувања – што не очекува ?

  • December 23, 2016

Времето денес во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.

sneg

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во следните два дена ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на температурата и услови за слаби врнежи од снег и дожд.

Претходно «
Следно »