October 26, 2020, 10:11 pm

ВРЕМЕ Е ДА ПРЕКИНЕТЕ: Хигиенски навики кои воопшто не се корисни!

Поврзано

Јапонско истражување: Koвид-19 на кожата опстојува 9 часа и 4 минути, а оваа течност го уб ива за 15 секунди…

Најновото истражување кое што го спровеле јапонските научници покажува дека коронавирусот може да опстане на човечка кожа и до...

Eвe штo вeлaт eкcпepтитe: Дaли зaтнaтиoт нoc e cимптoм нa кopoнaвиpyc?

Кога ќе поминат топлите денови, сите знаеме што најчесто следи: период на настинки и затнат нос. Но, оваа година...

Божји дар: Лековитa билkа со чудотворни моќи која расте насекаде, дури и во зима

Билката Руса е лек за многу болeсти и проблeми со кои луѓето се соочуваат секој ден. Исто така се...
- Advertisement -

Се случува претераната грижа за здравјето да создаде токму спротивен ефект од посакуваниот, а претераната хигиена може да биде причина и за некои болести. Следуваат трите навики кои ви носат повеќе штета, отколку корист…

1. Миење на забите после секој оброк
1-vreme-e-da-zaboravete-na-niv-higienski-naviki-koi-voopshto-ne-se-korisni-www.kafepauza.mk_

Подолго време важеше правилото дека миењето на забите после секој оброк е одличен начин за одржување на денталното здравје под контрола, но современите забари тврдат дека тоа и не е баш најдобра идеја. Храната остава киселини на забите, што може да ја ослаби нивната глеѓ, а миењето во моментот кога глеѓта е ослабена, може да доведе до тоа да ја оштетиме.

Се препорачува да ја миете устата со вода после секое јадење и да ги миете забите наутро и навечер. Обидете се да го правите тоа со кружни движења, бидејќи на тој начин подобро се отстрануваат штетните бактерии помеѓу забите и забното месо. Миењето на забите со движења горе-долу или напред-назад може да ги остави штетните бактерии, кои потоа може да предизвикаат болести на непцето.
2. Претерано користење на гел за дезинфекција на рацете
2-vreme-e-da-zaboravete-na-niv-higienski-naviki-koi-voopshto-ne-se-korisni-www.kafepauza.mk_

Ако имате навика постојано да нанесувате гел за дезинфекција на рацете, бидејќи сметате дека на тој начин ќе спречите контактот со надворешниот свет да ве „извалка“, тогаш започнете да размислувате да ја исфрлите таа навика. Дури и ако се наоѓате таму каде што сигурно концентрацијата на бактерии е висока (на пример, чекалната кај докторот) обичните сапун и вода ќе ви помогнат да се ослободите од нив без никакви проблеми. Точно е дека геловите за дезинфекција служат кога немате прилика да ги измиете рацете, но кога ќе избирате гел внимателно читајте што пишува на етикетите. Неодамнешните истражувања покажале дека геловите кои содржат триклосан може само да ги зајакнат вирусите и бактериите и да ги направат отпорни на антибиотици (истото важи и за антибактериските сапуни). Изберете брендови кои содржат најмалку 60% алкохол и кои ќе убијат 99% од бактериите на прв допир.
3. Чистење на домот со средства за дезинфекција

Како и во случајот со антибактериските гелови и сапуни, иако изгледа дека редовната дезинфекција помага при борбата против бактериите и го чува здравјето на домашните, вистината е дека антибактериските или дезинфекционите средства може да имаат сосема спротивно дејство. Овие производи не се докажале дека се ниту малку поделотворни од обичните производи за чистење, а со тоа постојат докази дека хемикалиите во дезинфекционите средства може да доведат до астма. Кај производите за чистење, избегнувајте ги оние кои содржат „2butoxyethanol“, за кој се смета дека е канцероген, „alkylphenol ethoxylatesm“ кој може да доведе до нарушување на хормоните, и етаноламин, кој може да предизвика астма. Но, бидејќи компаниите кои произведуваат средства за чистење не се обврзани со закон да ги наведуваат состојките на етикетите, се препорачува чистењето да го извршувате на старински начин – со мешавина од вода и оцет (пола-пола) или со сода бикарбона. Двете варијанти имаат антибактериско дејство и никаков штетен ефект. Клучот на добрата хигиена во домот е да се чисти често, а не постојано да се обидувате да ги убиете сите бактерии со помош на хемикалии.

Latest News

Нелоски до Шилегов: Петре, дали ти доликува со вакви изјави, да им возвраќаш на овие наши јунаци, кои го жpтвуваат својот живот за нас?

Оние кои се во први редови, во наjkритичните ситуации, се исмејани, омаловажени и понижeни од градскиот татко со изјавата:...

Мелбурн без ниту еден нов случај на ковид, животот во градот се враќа во нормала

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на kоронавирус. Владата на австралиската држава Викторија објави дека од утре...

Ќе има анекс-договор меѓу Бугарија и Република Македонија пред да отпочнат преговорите?

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски е оптимист дека ќе се најде решение со Бугарија и во декември ќе почнеме пристапни преговори со Европската...

На 500 зapaзени дневно: Филипче е пpoтив полициски час, доволни биле мерките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека е пpoтив воведување полициски час и дека измените на Законот за зaштита на населението од зapазни...

На Бугарите им прeчи и Северна: Бараат да се користи ФИРОМ наместо новотo име

Зоран Димитровски вечерва во емисијата „Само вистина“ од позиција на заменик за локална самоуправа посочи во одредени проекти со Бугарија се употребува се уште...

More Articles Like This