September 22, 2020, 3:04 pm

ВРЕМЕ Е ЗА ПОБЕДИ: Годишен хороскоп за 2020 година

Поврзано

Дневен xopockoп за вторник (22. септември 2020)

ОВЕН Работа: Односот со колегите е незадоволувачки затоа што имате впечаток дека не ве разбираат ниту ве поддржуваат. Љубов: За емотивна...

Дневен xopockп за 21 септември: Во наредниот период ќе бидете пред голема дилема

Овен Посакувате цврста и топла врска со саканата личност. Ако сте се во врска или во брак, ќе се посветите...

Tимcкaтa paбoтa им e нaјвaжнa на Paкoвитe, Pибитe сe пoдгoтвeни за пoгoлeм пpeдизвик

ОВЕН Работа: Не е лоша идејата која ја имате, но моментално сконцентрирајте се на моменталните случувања и позицијата која ја...
- Advertisement -

Секоја нова година претставува нов животен циклус. Според кинеската астрологија, во 2020-та година ќе владее Стаорецот, знакот којшто е симбол на трудољубивоста, амбициозноста и брзината. Астролозите истакнуваат дека новата година ќе донесе долгоочекувани и убави промени во животот на сите хороскопски знаци. Пронајдете го сопствениот хороскопски знак и на само неколку месеци пред завршетокот на оваа година дознајте што ве очекува во новата.

Овен – Време е за нови победи!
Во 2019-та година бевте многу вредни. Сега ви се чини дека не постигнавте ништо значајно, но 2020-та година дефинитивно ќе биде ваша година на среќа и просперитет. Пред вас е сè најубаво! Стаорецот кој ќе владее во 2020-та ги бодри оние кои се потпираат само на себе и не се coмневаат во својот успех. Успехот нема да ви падне од небо туку вие имате апсолутна заслуга за сè што ќе добиете. Ве очекуваат нови победи и ќе имате голем поттик за остварување на амбициите.

Бик – Остварување на најубавиот сон!
Вие тежнеете кон реалноста и затоа никогаш не правите нереални планови. Меѓутоа во 2020-та година ќе ви се промени погледот на животот и ќе поверувате дека соништата навистина се исполнуваат. Елементот Земја ќе управува со 2020-тата година, а тоа значи дека Бикот како земјен знак ќе има шанса за развој на кариерата и остварување финансиска благосостојба. Ова е совршен период да ризикувате и да ја прифатите примамливата работна понуда. Во 2020-та година дефинитивно ве очекува големо самоостварување.

Близнаци – Чувствувајте животна радост!
Секоја промена ја дочекувате со отворено срце и доза оптимизам, и затоа за вас секоја година носи нешто позитивно. 2020-та година нема да биде посебно необична за Близнаците. Иако ќе биде тeжок период, вие ќе пронајдете начин да го исполните вашиот живот со авантура и радост. Ве очекуваат нови откритија, патувања и убави познанства.

Рак – Враќање на убавото минато!
Успехот во 2020-та година ги очекува оние Ракови што се подготвени да работат на себе и храбро да тргнат кон зацртаната цел. За вас наредната година ќе биде идеална за обновување стари врски или враќање на оние што сте ги изгубиле во минатото. Ова ќе биде совршен период за помирување со членовите од семејството, враќање во стариот дом или спроведување на незавршени планови од минатото. Свртете се и мислете на работите што ви недостигаат најмногу. Потрудете се да ги вратите!

Лав – Никогаш немојте да се откажете!
Ве очекува тешка, но исклучително важна година. Тоа ќе биде период кога треба да ја покажете вашата упорност и креативните потенцијали. Во 2020-та година научете нешто ново, пробајте се во нова професија или променете го кругот на пријатели. Ве очекува непредвидлив период на големи промени, а многу ќе го променат и местото на живеење, дури и земјата на живеење. Нема потреба за страв бидејќи секоја промена ќе биде почеток на позитивни случувања во вашиот живот.

Девица – Време е за семејни радости!
Долго чекавте вашиот живот да ве награди за вашиот труд. Се радувате бидејќи новата година ќе биде извор на среќа за секоја Девица, особено кога е во прашање приватниот живот. Во претходните години постојано се обидувавте да воспоставите добар однос со саканата личност, да бидете добар родител или да го решите станбеното прашање. 2020-та година ви носи вистинска семејна хармонија. Ве очекува среќа, особено ако планирате венчавка, создавање семејство или стекнување семеен дом.

Вага – Време е да ја почувствувате хармонијата!
Во последните години вашиот живот беше една рутина составена од работа, секојдневни грижи и целосен недостаток на романтика и уживање. Конечно, 2020-та година ќе ви донесе преубави промени! Подгответе се за целосна промена на вашиот живот во кој ќе уживате. Конечно ќе можете да се опуштите, да почувствувате мир, да уживате во секој ден и да почувствувате вистинска хармонија која ќе ви ја обезбеди саканата личност.

Скорпија – Сè се менува на подобро!
Дали животот не ви е повеќе интересен како што некогаш ви бил? Другите ве нервираат, а работата ви е постојано напорна? Со доаѓањето на 2020-та, сè ќе се промени! Следната година е најдобро време за драстично да го промените животот. Не обрнувајте внимание на попатните проблеми – тие ќе бидат ситница во однос на добивките што ќе следуваат. Секогаш сте оделе против правилата, затоа слободно продолжете да ги рyшите стереотипите. Годината пред вас ќе биде период на „чист воздух“ и прeдизвици во кои апсолутно ќе уживате.

Стрелец – Судбинска средба е пред вас!
Додека другите ќе чекаат да им дојде среќата и ќе одмараат од работа, вие ќе уживате! Но, свесни сте дека за вистинска хармонија се потребни уште неколку ситници. Во 2020-та година ќе го пронајдете она што ви недостига! Пред вас е судбинска средба која ќе донесе нешто што го чекавте долго, можеби дури и целиот живот. Сè ќе се промени дрaстично, но во ваша корист и среќа. Поради таа средба најверојатно ќе донесете и одлука за преселување на некое подинамично место.

Јарец – Пронајдете време за себе!
Толку години се грижите за другите, трошите време и енергија за вашите сакани да не мора ништо да работат, што целосно заборавивте на себе. Годината пред вас ќе ви донесе прилика конечно да обрнете внимание на своите потреби. За што сонувате? Што ве прави среќни? Во 2020-та година ќе имате многу шанси за да го остварите секој ваш сон. Размислете која е вашата голема желба и веќе од 1-ви јануари направете го првиот чекор кон нејзино остварување!

Водолија – Концентрирајте се на она што е најважно!
Наредната година за вас ќе биде тешка и нeрвозна. Нема да има многу пари, ниту возбудливи случувања. Сепак, ќе имате прилика да постигнете цел кон која сте биле насочени повеќе од една година. Овој период ќе биде добар на секој начин за таа цел, но мора да се сконцентрирате на она што е најважно. Бидете храбри, победете го стравот и бидете слободни. Останете свои и на крајот сè ќе дојде на свое место!

Риби – Останете позитивни!
За вас наредната година ќе биде сè, само не досадна! Ќе ги ослободите вашите внатрешни потенцијали, а до израз ќе дојдат и вашите желби и долгогодишни тежнеења. Во идната година сигурно ќе најдете ново и интересно хоби или ќе му се вратите на старото за кое порано немавте време. Во вашиот живот ќе се појави и една личност со изразена спортска градба и на некој начин ќе ви го промени животот, на подобро, секако. Ќе ви помогне да сфатите како да уживате во животот. За вас е најважно да бидете позитивни и без страв да ѝ погледнете на иднината во очи.

Latest News

(Видео) Лyдницa во Матично: Peдици граѓани, откaкo две недели службата нe работеше

По пожарот во соседните канцеларии на инспекторатот за животна средина, денеска Управата за водење на матични книги пак „гори“...

Пчeнкapни мaфини за yтpинcки oбpoк

Брзи и вкусни мафини за доручек. СОСТОЈКИ: 2 мали шолји пченкарно брашно, 1 мала шолја глатко брашно, 1 мала шолја масло, 1 мала шолја млеко, 2...

(Фото) Иако ceга го негиpaaт: Учениците во Бугариja во 1948 година yчеле пpeдмет „македонcки jaзик“

Негирањето на македонската нација, историја и јазик од страна на Бугарија нема никаква основа во реалноста, со оглед на тоа што токму бугарската држава...

МВР: Досега 16 лица се повикани во станица поради навивачките инцидeнти

Скопската плиција во изминатите денови интензивно работела на расчистување на двата настани во кои беа инволвирани навивачки групи и граѓани во Скопје, на подрачјето...

Мизрахи: Ние секогаш сме заедно со народот, затоа што сме столбот на државноста на Македонија

Како член на Извршниот Комитет на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ јавно се заблагодарувам на претседателот Христијан Мицкоски и партијата за довербата. Ние секогаш сме заедно...

More Articles Like This