ВРИЕ ВО БЕСА: Се почувствувале запоставени кога дознале дека Адеми си ја вработил сестрата во ЕЛЕМ

  • February 9, 2019

Врие во Беса Гпстивар откако членовите дознале дека министерот за култура Асаф Адеми ја вработил својата сестра во Електрани на Македонија, објави Тeтовасот.

Активисти на коалицискиот партнер на СДСМ, матичната партија на Адеми – Беса, се почувствувале запоставени поради непотистичките апетити на министерот за култура, но и на други функционери на партијата.

Тетовасот открива и дека општинскиот советник од редовите на Беса Телат Фетаи ја вработил сопругата општина Гостивар а Емерли Асани, член на Централниот совет на Беса, својата сопруга, пак ја здомил во Домот на културата во Гостивар.

Претходно «
Следно »