January 22, 2021, 4:46 am

Врие во СДСМ: Teнзично на Бихаќка, високи партиски функционери бараат одговорност од Заев

Поврзано

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

(Видео) Heделковски: Cвeтот се движи кон нова cвeтcкa вojна

Според новинарот Миленко Неделковски светот се движи кон еден голем конфликт на рамниште на светска војна. Причината за ова потенцира...

(Видео) Светот нecпpeмен ја дочека новата фaшиcтичka okyпациJa

Во своето гостување во Инфомакс, Новинарот Миленко Неделковски говорејќи за цензурата во медиумите истакна дека светот несремен ја дочека...
- Advertisement -

Бурни денови за членовите на СДСМ, по протестите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт по интервјуто на премиерот Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС во кој експлицитно се откажува од македонската историја на Македонија, дознаваме Курир.

Имено, извори од Бихаќка реферираат дека и покрај обидите на дел од блиските министри на премиерот Зоран Заев да го одбранат по жестоките обвинувања и реакции на граѓаните со претходно смислени и напишани фејбук статуси од прес центарот на владејачката СДСМ, сепак поголем дел од членството вчера вечер барале одговорност за неговите сервилни политики во однос на Договорот со Република Бугарија.


„Изненадување за голем дел од членовите беше интервјуто на Заев, не ги делиме истите ставови со него и од таму потекнува целиот револт, но вистинско изненадување за сите беше и јавувањето на претходниот претседател Банко Црвенковски кој и после долг временски период се уште ужива почитување кај нас.

Вчера беше навистина непријатна ситуацијата, целиот ПИ-АР беше насочен кон негативна кампања за Црвенковски, но тоа се само неколку членови од струмичкото крило, останатите се повлековме во канцелариите и коментиравме дека СДСМ не е само Зоран Заев, туку членството, и доколку членството не се согласува со него мора да даде одговор за неговите ставови и политики кои не само на народот, туку се штетни и за нас како политичка партија“, вели нашиот извор.

Дополнително незадоволството кај членовите расте и поради оградувањата и нападите врз поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, кој после седум години се огласи во однос на изјавите на Заев, и побара итно свикување на седница на Централниот одбор на партијата каде ќе се донесе заклучок дека искажаните ставови на сегашниот претседател Заев не се ставови ниту на Централниот одбор, ниту пак на СДСМ во целина и побара како основач и долгогодишен претседател замрзнување на неговото членство во владејачката СДСМ.

Како што наведува Црвенковски ваквите изјави и ставови на Заев предизвикале огромна и неповторлива штета, како и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.

-Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.

Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ, вели Црвенковски.
Како што велат нашите извори, ова било шок и за премиер Заев кој не очекувал дека Црвенковски ќе му се спротивстави, како и дека поголемиот дел од поранешното скопското крило на партијата кои се уште имаат блиски релации со сегашните високи функционери од скопското крило кое подолго време е во конфликт со струмичкото и кумановското крило во партијата.

Меѓу поранешните високи функционери кои побараа одговорност и оставка беше и Софија Куновска поранешна претседателка на Форум на жени на СДСМ, Зоран Јовановски поранешен потпретседател на СДСМ кој праша дали има казна за говор на омраза против сопствениот народ и држава, универзитетската професорка Ана Павловска Данева истакнат член и поранешна пратеничка од СДСМ која вели дека секој политичар треба да има момент во кој ќе подзастане и ќе се запраша во што се претворил, Илинка Митрева која напиша дека има простор за одржување на вонреден конгрес на СДСМ, поранешниот генерален секретар на СДСМ Гордан Георгиевски, како и коалициските партнери на СДСМ претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов, и поранешната претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, а оградување пристигна и од сегашниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски кој на својот фејсбук профил напиша дека сите обиди да се изместат фактите се само репризата од минатото кое се повторува на Балконот како и дека Куманово е ослободена од македонската партизанска бригада и дека македонскиот јазик ниту бил а ниту ќе биде дијалект и дека Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ кој ги оправда критиките на поранешниот претседател Црвенковски, Наташа Савова поранешен висок функционер на СДСМ која напиша дека кога премиерот Заев јавно извршува скернавење на гробовите на нашите предци, поштено е за сите нас кои сме членови на СДСМ да ни кажат дали позади овие ставови стои Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, и ред други истакнати функционери, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.


Оградување од изјавите на Заев пристигна и од страна на челновите на историската комисија меѓу кои Љубица Спасовска, Огнен Вангелов, Ванчо Ѓорѓиев, Александар Литовски.

Се појасно е дека полека но сигурно се ниша тронот на претседателот Зоран Заев, а нервозата и стравот кај него се се поизразени бидејќи бил оставен на цедило затоа што во негова одбрана застанале само Радмила Шекеринска, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Костадин Костадинов, како и сегашниот генерален секретар на владата Мухамед Зекири, кој како што тврди изворот не биле баш „омилени“ кај членството.

Latest News

Миленко за Мериот: Who the f()ck are you?

Долго време пред избори мојата стратегија за последните избори беше да победи ВМРО-ДПМНЕ, прво нека победи вели Миленко Неделковски...

More Articles Like This