August 14, 2020, 6:38 pm

ВРИЕ ВО СКОПСКИ ПАЗАР: Вработените немаат земено плата цели три месеци!

Поврзано

Костовски: Спpeчeнa е продажбата на банката, некому му се брзаше

Ние сами ќе ја спасевме банката, но на некому му се брзаше. Зошто, како, при неформирана Влада, при пaндемија,...

Костовски директно го oбвини Николче Петковски за пpoпаѓањето на Еуростандард банка

Трифун Костовски, мнозинскиот акционер во Еуростандард банка, на денешната прес коференција директно го oбвини поранешото раководство за неуспешното работење...

Костовски: Случувањата со Еуростандард се сценарио, оние кои знаеле ги повлекле парите

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои...
- Advertisement -

Веќе три месеци вработените во Скопски пазар се без плата. Велат дека се во долгови и дека едвај се снаоѓаат, откако последен пат биле исплатени во декември. Компанијата не им исплатила ниту придонеси, па мораат приватно да плаќаат скапи здравствени услуги.

Вчера вработените се сретна со раководството на компанијата за да побараат исплата на заостанатите примања, но од состанокот излегоа разочарани. Не добиле уверување дека наското ќе го добијат заработеното, а од директорите немало подетално објаснување околу причините за доцнењето на платите.

Работниците од Скопски пазар поставија рок до први април да започне исплатата на придонесите за здравствено осигурување, а до 15 април да им се исплатат сите заостанати плати.Тие велат дека знаат оти компанијата е во долгови кон банки и добавувачи и дека досега имале трпение, но морале да се побунат затоа што и самите се заглавени во долгови.

„Имавме состанок затоа што немаме плата редовно, затоа што немаме здравствено осигурување. Им поставивме услов да започнат со редовна исплата на приходите, како и на осигурувањата затоа што некои од нас се болни, а некои имаат и болни деца. Ете тоа го барамe“, изјави за телевизија Телма (http://telma.com.mk/skopski-pazar-gi-ostavi-vrabotenite-bezredovna-plata-i-pridonesi/) еден од вработените присутни на состанокот со раководството на Скопски пазар.

По состанокот, компанијата извести дека имале потешкотии со својата малопродажна мрежа преку која трпеле тешки загуби и затоа кон крајот на минатата година била донесена одлука за затворање на малопродажната мрежа и издавање на просторот на други закупци од истиот бизнис.

„Поради ова се јавија доцнења на платите, но поради редукцијата на трошоците очекуваме финансиската состојба и исплатата на личните доходи за брзо време да се стабилизира“, пишуваат од Скопски пазар.

Компанијата, која некогаш важеше за лидер на пазарот и имаше развиена мрежа на супермаркети, започна со продавање и издавање на десетици свои атрактивни недвижнини во обид да „исплива“ од милионските долгови. Според последниот финансиски извештај на СП, во 2017 година фирмата потрошила дури 82.5 проценти од оперативната добивка на отплата на камати за кредити и заеми.

Latest News

СДСМ дeмaнитpa: Не е точно дека е договорен ротациски премиер, ниту поделби на ресори

СДСМ во целост ја дeмантира објавената нeточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по...

Xocпитализиран братот на Доналд Трамп, се шпeкулира дека е многу болeн

Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт, е xоспитализиран во Њујорк, објави денеска Белата куќа без дополнителни информации. Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир...

Следете во живо: Пpoтест против поскапувањето на струјата

Следете го во живо на Инфомакс пpoтестот пpотив поскапувањето на струјата. Граѓаните во повеќе градови ширум Македонија меѓу кои и Скопје пpoтестираат против поскапувањето...

Костовски: Спpeчeнa е продажбата на банката, некому му се брзаше

Ние сами ќе ја спасевме банката, но на некому му се брзаше. Зошто, како, при неформирана Влада, при пaндемија, тоа е лудо, кажете ми...

Пpoтecт во Маџари: Граѓаните peволтиpaни, секојдневно се гyшaт во cмpдeа од дивaта дeпониja Вардариште

Попладнево жителите на Маџари пpoтeстираа пpoтив „пpeтоварната станица во Вардариште од која што секојдневно се гушaт во cмрдеа. Пpoтестираме пpoтив секојдневното нeконтролирано палење на секакви...

More Articles Like This