ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Граѓаните запрепастени од изјавите на Заев – „Ја продаде Македонија“

  • November 18, 2016

Антимакедонските изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев пред Албанците во Швајцарија предизвикаа револт кај граѓаните. Социјалните мрежи вријат од коментари, граѓаните запрепастени од изјавите на Заев коментираат дека лидерот на СДСМ е подготвен се да направи, да ја продаде државата за да се смести во фотелја.

zoran-zaev-6

komentari

komentari1

komentari2 komentari3komentari4 komentari5 komentari6 komentari7 komentari8 komentari9 komentari10 komentari11

Неверување за тоа кој ја преводи СДСМ и кај членовите од партијата. Многумина се откажуваат од неа велејќи дека ќе чекаат друго раководсто за да гласаат за својата партија.

За потсетување Заев во низа скандалозни и антимакедонски изјави ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека “проблемот е во Македонија“. Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.

– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.

Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинески, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски-  француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.

Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Заев со ова практично ги потврдува скандалозните изјави со кои најавува промена на Уставот за да ги исполни барањата на Албанците за двојазичност. Само пред неколку дена Заев изјави дека ако било „грдо лицето на Македонецот“, тогаш не било важно што ќе изгубел македонски гласови, ќе дошле други избори.

Претходно «
Следно »