ВРХОВНИОТ СУД ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА ЖАЛБИТЕ: Можна слобода за преостанатите притворени во врска со 27.април

  • March 20, 2018
  • Коментари

Кривичниот совет на Врховниот суд на јавни седници ќе ги разгледува жалбите за притворите на осомничените од настаните на 27 април. Во притвор останаа пратениците Kрсто Mукоски и Сашо Василевски, поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и уште неколкумина.

 

Пратениците Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се во домашен притвор.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција соопштија дека истрагата за случувањата во Собранието лани завршила и дека течат законските рокови во кои осомничените и одбраната можат да ги прегледуваат списите и доказите.

Во притвор сеуште се и неколку претседатели и активисти на граѓански здруженија, луѓе кои случајно се нашле на местото на настанот и вработени во Собранието.

Претходно «
Следно »