October 24, 2021, 4:17 am

Втоpa дoнaциja oд Хрватска: Пpиcтигнaa 20.000 вakцини „AcтpaЗeнeкa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека”, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.

Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека”, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен. Министерот за здравство д-р Венко Филипче изразува голема благодарност до хрватската Влада за овој чин на солидарност.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This