October 27, 2021, 7:33 pm

Вулин: Maфиjaтa вo Србија e мнoгy мoќнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека мафијата во Србија е многу моќна и да располага со неограничени пари кои секогаш прозборуваат, додавајќи дека се прави обид за релативизирање на постоењето на криминална група на Вељко Беливук чии членови се уапсени, јави дописникот на МИА од Белград.

Вулин за РТС оцени дека се прават обиди да се смени јавното мислење со одржување прес-конференции и секој ден да се говори дека уапсената криминална група е жртва, дека сето тоа е политика, дека не е криминал.

Тој посочи дека МВР располага со големо количество податоци, а како пример наведе 44 запленети скај телефони.

-Замислете колку тука има податоци, броеви, контакти, фотографии од пораки, кажа Вулин, додавајќи дека полицијата првата вечер упаднала на 30 локации и дека бројот се зголемил после тоа, како и бројот на испрашувани и осомничени.

Тој додаде дека истрагата за криминалните групата на Вељко Беливук не се стеснува, туку се шири и дека секој ден пристигнуваат нови информации и да „без никакво сомневање” може да се очекуваат уште апсења.

На прашањето за апсењето на поранешниот заменик началник на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК), Горан Папиќ, Вулин кажа дека Папиќ е обвинет за користење на својата позиција и влијание така што наредил враќање на одземено возило со блинкер на Марко Миљковиќ, соработник на Веља Невоља.

Кога станува збор за испрашувањето на поранешниот функционер на Партизан, Владимир Вулетиќ, кој изјави дека снимката од неговиот разговор со Вељко Беливук е монтирана, Вулин изјави дека полицијата не се занимава со фалсификати и монтирања.

-Што се однесува до улогата на поранешниот државен секретар во МВР, Дијана Хркаловиќ, во незаконското прислушување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот на полицијата оцени дека „тоа е завршено” и дека сите докази се предадени на обвинителството.

-Ние ги предадовме сите докази на надлежното обвинителство и тука е објаснета нејзината улога, како и на сите други членови на МВР кои учествуваа во нелегалното прислушување на Вучиќ и членовите на неговото семејство, изјави Вулин за РТС.

Latest News

Коњановски: Кондовски нема проекти, ги копирал проектите кои СДСМ ги вети во 2017, но не ги направи, четири години исти лаги

„Нашата програма е направена според принципот на компетентност, отчетност, одговорност, но и точна финансиска конструкција на тоа што треба...

More Articles Like This