October 27, 2021, 11:55 am

Вучиќ: Ви благодарам многу за пријателството, да живее Србија, да живее Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ очигледно беше пријатно изненаден од пречекот кој го имаше во Скопје, Македонија и настаните кои беа дел од иницијативата Отворен Балкан.

Тој во повеќе наврати го изрази своето воодушевување од главниот град, а евоцираше и спомени од младоста и ноќите кои ги поминал во скопските ноќни клубови.

Вучиќ не можеше да ја сокрие ниту радоста кога од еден кафич беше поздравен од Србин и Албанец кои заедно пиеја кафе во центарот на Скопје.

Тој на Твитер се заблагодари за пријателството и изрази надеж дека во иднинаодносите помеѓу двете држави ќе бидат уште подобри.

-Ви благодарам многу за пријателството, сигурен сум дека нашите односи ќе бидат уште подобри во иднина. Да живее Србија, да живее Македонија!

Latest News

Koлку тpaе имyнитeтoт пo пpeлeжaн кopoнaвиpyc?

Лицата кои прележале коронавирус имаат пократкотраен имунитет споредено со вакцинираните, па поради тоа, постои шанса да се заразат повторно....

More Articles Like This