October 24, 2021, 7:00 am

Вучиќ: Денес Бугарија ја блokира Македонија, утре ќе биде некој друг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Словенија почна Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“. На форумот, чиј домаќин е претседавачот со Европската Унија, Словенија, присутни се речиси сите балкански лидери, вклучително и бугарскиот претседател Радев. На собирот учествува и еврокомесарот за проширување Вархеји, како и унгарскиот претседател Орбан и чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Форумот беше отворен со жестоки критики упатени на адреса на ЕУ и одолговлекувањето на процесот на проширување.

Cрпскиот претседател Вучиќ истакна дека регионот е уморен од чекање и постојано потиснуван во втор план пред европските приоритети. Сличен став имаше и чешкиот премиер Бабиш, кој нагласи дека Брисел не ги вреднува постигнувањата на земјите од Западен Балкан. И двајцата, ја посочија Македонија како пример на европската недоследност.

-Тој ентузијазам веќе не егзистира. Ако го видите примерот со Македонија, која го смени името на државата. Добија ветување од сите дека ќе го отворат преговарачкиот процес. Дали го отворија, не го отворија. Денеска е Бугарија, утре ќе биде некој друг, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

-Одлучивме заедно дека на Самитот за еден месец со Словенија со Јанша да имаме размена на мислења и да донесеме одлуки за иднината, изјави Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет

-Нашиот пријател Зоран Заев седи тука. Ние имаме 60 полицајци кои ја бранат Шенген границата. Зоран Заев направи се, а ЕУ не испорача. Не ги исполнивме ветувањата, вели Андреј Бабиш, премиер на Словачка

Меѓу десетината шефови на држави и влади и европски челници на Блед е и премиерот Зоран Заев, кој попладнево има свое обраќање на панелот насловен „Иднината на Европа – Проширувањето”. На новинарското прашање на националната бугарска телевизија дали очекува преговори до крајот на годината, тој оцени дека тоа ќе зависи и од постизборниот епилог во Софија.

-Многу е важно Бугарија да има успешно формирање на влада. Јас тоа го посакувам. Би сакал уште утре да има некакво решение, бидејќи имаме уште многу работа. Потоа, следуваат 6-9 месеци скрининг во државата, па потоа првото поглавје и првите кластери, изјави Зоран Заев, претседател на Владата

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This