Вучиќ за еден викенд вakцинираше повеќе Македонци од 3aев: Само во Белград денес 2 илјади вакциниpaни Maкедонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белград овој викенд е центар за вакцинација на целиот регион. Денеска околу 5.000 жители од БиХ, Црна Гора и над 2.000 македонски државјани бесплатно се вакцинираа на Белградскиот саем со вакцините на АстраЗенека.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, колони автомобили со македонски регистарски таблички се упатуваа на Белградскиот саем, во Хала 3, каде се одвиваше вакцинацијата за странските државјани. Двата реда во кои од рано утрово се чекаше со часови, беа долги речиси еден километар. Жители на БиХ, Црна Гора, Албанија и најмногу македонски државјани, нив околу 2000, можеби и повеќе, трпеливо со пасошите во рака чекаа да дојдат на ред бесплатно да се вакцинираат, со 5000 дози на АстраЗенека, колку што за денеска беа предвидени од српските власти за странските државјани.

Македонските државјани од речиси сите градови, изјавија дека аплицирале на српскиот владин портал за вакцинација е-Управа и дека добиле и-мејл со покана денеска да дојдат на Белградскиот саем да се вакцинираат со вакцините на АстраЗенека.

-Се пријавивме пред месец дена преку е-управа како странски државјани и во петокот добивме мејл да се вакцинираме денеска. Има многу луѓе од целиот регион и само ние видовме 15 наши пријатели Македонци, кои како и ние чекаат да се вакцинираат, изјави брачен пар од Скопје, кои додадоа дека морале да го чекаат полицискиот час во 5 часот, за да тргнат за Белград и дека имало големи колони на граничниот премин Табановце.

-Бидејќи кај нас не можевме, се одлучивме во Србија да аплицираме и еве чекаме да се вакцинираме, изјави жител на Велес, додека друг македонски државјанин од Скопје изјави дека аплицирал уште пред еден месец да се вакцинира во Србија, за други вакцини, но откако ја добил елекронската покана за АстраЗенека се решил со неа во Србија да се вакцинира.

-Редот беше поприлично голем, но важно полека се движи, еве дојдовме до пола за еден час и половина, се надевам за два до три часа да стигнеме да се вакцинираме, изјави жител на Скопје.

Познатата македонска актерка Тања Кочовска, која исто така трпеливо чекаше ред изрази благодарност до српските власти што овозможија и македонските државјано да се вакцинираат.

Покрај македонските државјани кои аплицирале за вакцинација, имаше и повеќе наши државјани кои се обидуваа без покана да влезат во Халата 3 на Саемот, а нив српските власти ги ставаа во посебна колона на процедура на чекање.

За да се пријават странци за вакцинација против коронавирус преку порталот е-Управа во Србија, покрај основните податоци и електронска адреса, потребно им е да имаат и српски број на мобилен телефон, преку кој се добива потврда за закажано време и место на вакцинација. Истата порака ја добиваат и преку електронската адреса, а вакцинацијата во Србија е бесплатна.

За МИА од српската Влада одговорија дека е „на Саемот е отворено вакцинирањето со Астра Зенека“ и дека „владата нема организирано вакцинација на македонски државјани“.

Но затоа денеска, преку Инвестицискиот коморски форум и Стопанската комора на Србија (ПКС), во соработка со српската Влада беа обезбедени 10.000 дози на вакцини на „Синофарм“ за бизнисмените и вработените од овој форум од Северна Македонија, БиХ, Албанија и Црна Гора.

Според ПКС, денес и утре околу 1.700 македонски стопанственици се вакцинраат во халата Чаир во Ниш.

-Овој чин е еден гест на српската влада и на претседателот Александар Вучиќ, стопанствениците од регионот да се вакцинираат и што побргу да се вратиме во нормален живот, повторно да работиме, да создаваме нови работни места, ние сме еден пазар пред се, изјави претседателот на ПКС Марко Чадеж.

И утре се очекува и највено е исто така голем број македонски државјани да се упатат за Белград, на Белградскиот саем бесплатно да се вакцинираат со Астра Зенека. МИА

Latest News

Пронајдено мpтво машко тeло во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница....

More Articles Like This