ВУЧИЌ НЕМА ДА СИ ИГРА СУДБИНАТА НА СРБИЈА: Нема да ја повториме грешката на Македонците!

  • February 5, 2019
  • Коментари

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека ниту едно решение за КиМ нема да биде прифатено без согласност на мнозинството на народот, но додаде и дека моментално нема никакво решение бидејќи нема преговори.

„Тоа го изјавив стотина пати. Јас не сакам да си играм како Македонија со консултативениот референдум на кој народот одлучи дека е против, а собранието сепак донесе одлука. Мислам дека тоа е добра спогодба за нив, но јас никогаш не би го направил тоа на начинот на кој тие го спроведоа.“,  рече претседателот за ТВ Хепи.

Тој додаде дека ако референдумот е неуспешен, само ќе се објават резултатите заедно со констатацијата дека е неуспешен.

„Ако во Србија спроведеме било каков референдум, и добиеме резултати 49 отсто наспроти 51 отсто, јас би поднел оставка бидејќи референдумот не бил успешен. Тоа е логичен завршеток бидејќи волјата на граѓаните мора да се почитува. Народот е носител на врховниот суверенитет и не може да се оди против него.“ додаде Вучиќ.

„Никој не може да си игра со судбината на народот и држават. Јас сум му благодарен на патријархот Иринеј на неговиот рационален и сериозен став во однос на нашиот проблем со КиМ, но и проблемите на нашиот народ во Република Српска, во Хрватска и Црна Гор.,“, рече Вучиж.

Тој наведе дека е сериозно загрижен за својот народ бидејќи „лудилото на Албанците нема крај“.

Тој додаде дека не мисли дека Американците не биле коректни, но и не разбира зошто Албанците се однесуваат така кон нив, ниту пак ги разбира постапките на ЕУ.

„Нам не ни одговара ниту една опција од решенијата за Косово“, вели Вучиќ.

„Србија мора да ги зачува своите национални интереси. Досега успеавме, а се надевам ќе успееме и во иднина и покрај огромните надворешни притисоци“, порача Вучиќ.

Зборувајќи за косовскиот „јазол“ претседателоте вели дека не може да се однесува дека ништо не се случило, бидејќи Косово прогласи независност 2008година.

Тој рече дека Србија нема намера да воведе контра мерки на даноците што ги наметна Косово, бидејќи освен дополнителни тензии ништо друго нема да се постигне.

Во однос на нaпaдoт врз него во Сребреница пред неколку години, тој изјави дека лично тој како поединец не е важен, и дека нема да ги прекине дипломатските односи со БиХ поради тој инцидент.

„Тоа е суштината. Кога сте на чело на некоја земја морате да покажете дека сте повеќе од обичен човек и дека интересите на земјата и мирот се над вас, бидејќи секој потег може да и нанесе штетеа на земјата а тоа еден лидер не смее да го дозволи“, заврши Вучиќ.

Претходно «
Следно »